1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2019

Дискусија во 'Музика' започната од staycalm, 25 февруари 2019.

  1. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    653
    Допаѓања:
    1.925
    Не почитувам навреди од било каков тип ама баш сте интересни вие што ги викате ‘мрчаторите’ и оние што ја навредувале Тамара - малоумни, исфрустрирани и што уште не. Факт е дека Тамара им е антипатична на поголем дел од публиката и не знам зошто толку ви смета друго мислење и тоа што не сите се превозбудени за Евровозија и не им значи ништо. Јас па искрено не ве разбирам вас што се трескате од земја ама нема да правам никакви дијагнози. Евровизија не нуди ама баш никаков квалитет од музички аспект и тоа мислам дека им е јасно на сите.
     
    На ocicka2014, Tanjamm, najjacha и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.086
    Допаѓања:
    155.548
    Не, факт е дека е, ама мене лично не ми е, не ја доживувам така. Може да се однесува тел дем и жена да се избори против жена, генерално мајка према ќерка, лекција за градење самодоверба. Ама така ја доживувам јас, но не е така.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  3. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Proud можеби изгледа како феминистичка песна, но праќа поширока порака и повеќе мислам дека ги челичи основните права на жените. Да има право на редовна здравствена контрола, на образование, вработување и плата под исти права, да гласа, да биде автономна, итн. Многу жени во светот па и во МК за жал не ги уважуваат основните права сите знаеме.
     
    На buba4e89, anichka94, ane.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.236
    Допаѓања:
    284.120
    Слики секако ќе оделе.
    Дали нејзиното, моето или некое трето... сеедно.
    Македонче е, дел е од пораката која се пренесува.
    А ако тоа и е начин да понесе дел од(со) себе, да се чуствува поисполнето, концентрирано, спокојно или на било кој начин придонесува за нејзината изведба, зошто да не.
    Што ми менува мене или тебе кое детенце е?
    А нејзе и менува и тоа чуство и емоции може да бидат само позитивни и да бидат поттик да даде се од себе.
    Да, ја преставува земјата, ама беше далеку од некакви наметливи сцени со цела фамилија или друштво. Не е робот па да не смее да даде/понесе и нешто друго со себе освен сопствената појава.
    Беше далеку од семејна забава според мене.
     
    На JuLleE, flower30, dayla и 24 други им се допаѓа ова.
  5. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.139
    Пол:
    Машки
    Никој не збори за Тамара тука, и мене ми е антипатична кога веќе збориме искрено а ни ќе ни донесе некој бенефит учеството на Евровизија. Мислам дека имаш линкови и слики погоре да сфатиш што е суштината на муабетот.
     
  6. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    653
    Допаѓања:
    1.925

    Па со оглед на тоа дека во секоја минута од кое и да било интервју со Тамара се гледа од километар дека со сила сака да се наметне, да излезе интересна, и се пикаат фалат фамилијарно каде ќе стигнат, стварно не мислам дека тоа причините што ги наведе. А и да е така, на поголем дел од луѓето фамилијата им е најбитна ама ете не се однесуваат така. Баш многу ми себично од нејзина страна што дури и ќерка и си ја користи за да привлече внимание.

    Мене дали ке ја има ќерка и на слики или не, не ми менува ништо ама изгледа многу непрофесионално и лигаво.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Без разлика, отпеа прекрасно и ќе се зезаме пак ако се глупира на интервјуа, но настапот и беше одличен. Паѓаат во вода сите зезанции и мрчења кога некој ќе се претстави така како што треба. Па и тоа дека ќерка и' е на сликите изгледа како ситница сега. Подобро испеа од сите претставници што ги имала Мк досега.
     
    На Oxymoron, Nausicaa, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.236
    Допаѓања:
    284.120
    Просечниот гледач ги гледаше тие неколку минути на сцена.
    Не снам за кое наметнување и фамилијарно пикање кажуваш.
    Зборуваме за настапот. Таму немаше такво нешто.
    Тамара си е таква каква што си е и не е најомилена кај многу, но настапот беше коректен во секој поглед. За мене, во мои очи, созреа, се надевам ќе продолжи по истиот пат.
    За мене ете беше голем професионалец на сцена и далеку од лигаво.
     
    На Oxymoron, Nausicaa, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  9. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    24.151
    Пол:
    Машки


    Срцки бе, се израдуваа шо влеговме :sun:
     
    На cresa-jagoda, TheGoldenPeach, L.i.n.a.a и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Пораката не песнава е јасна, но мислам дека ако Тамара немаше ќерка, немаше толку емотивно да ја доживува. Можеби грешам, но таа нагласи дека песнава уствари и` ја посветува на ќерка и` а не на жените општо. Ова е само забелешка, не замерка. :D
    Се изненадив кога први не` прочитаа, на моменти бев скептична дали воопшто ќе се пласираме. Но сега кога видов толку позитивни коментари, имам високи очекувања за во финале.
    Се разбира, единстените одвратни коментари беа од нашиот народ. Се згрозив буквално, кога видов дека Тамара ја напаѓаат и вреѓаат, затоа што ја претставува Северна Македонија. Имам многу за ваквите да кажам ама сепак ќе прескокнам, жал ми е што не знаат да се радуваат на успехот, затоа што ова е успех на сите нас. Тамара е наш претставник и ни испрати порака дека во финале ќе не` направи горди. :sun:
    Што се однесува до другите, претпоставка за победник немам, но отприлика очекувам меѓу првите да бидат Холандија, Шведска, Норвешка, Белорусија, Чешка, Франција, Шпанија. Фаворит ми е само нашата. :D
     
    На Peperutce1115, cresa-jagoda, girl-miri и 2 други им се допаѓа ова.
  11. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    11.379
    Пол:
    Женски
    Мене отсекогаш ми била антипатична, не велам не. :wasntme:
    Ама не можам од инат да зборам дека настапот вчера беше лош. Одличен беше.

    Малта и Данска не очекував да влезат инаку. Сакав да влезе Хрватска. Данската песна ми беше досадна, а таа на Малта ми е некако генерична, не ми е ниту catchy, ниту забавна, а читам на јутуб ја сакаат. До вкус ќе да е тоа.

    Исто и да не скокаме многу дека први не прочитаа. :D
    Спомнаа водителите дека е рандом редослед. Го објавуваат точниот редослед на официјалната страна од двете полуфиналиња по завршувањето на финалето. Според мене 7ми или 8ми со поени имаме влезено.:?:
     
    Последна измена: 17 мај 2019
    На cresa-jagoda, anichka94, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Тамара со нејзиниот спектакуларен настап, прекрасно ЈАКО испеана песна, која на секој нормален слушател(кој сака да чуе а не да мрчи) му наежи кожа и поттикна солзи на очи да надојдат, прати убава порака и....најважно...МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ БЕШЕ НА ПРВО МЕСТО...НЕ НАПРАВИ СИТЕ ГОРДИ...НИ ЈА НАПОЛНИ ДУШАТА И СРЦЕТО.. Сите рипавме од радост и возбуда!!!!

    Зарем ова не е доволно бе луѓе, зарем битно е чиво дете било во позадина!???
    Засрамете се сите што на ваква радост, гордост и успех, вие барате влакно за да ви се плетка меѓу заби и да ве тера на нагон за повраќање.
    Предлог...не гледајте утре евровизија, аман!(n):@
     
    На flower30, Peperutce1115, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  13. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    2.606
    Пол:
    Женски
    @staycalm и денес ли имаат jury show? За финалето сега|(
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    24.151
    Пол:
    Машки
    И денес :D Милион проби имаат, па jury shows... А утре па ќе имаат Family show, финалето само без гласање :D
     
    Последна измена: 17 мај 2019
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Toa ми е поентата, и мене, лигаво и разгалено изгледа.
     
  16. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    2.606
    Пол:
    Женски
    А сега пак од ново ќе гласа жирито? Бог да чува. Јас мислев само еднаш во полуфиналињата пеат пред жири
     
  17. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    24.151
    Пол:
    Машки
    Одново нормално, сега е финале и пак треба да ги гласаат сите шо влегле у финале :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    2.606
    Пол:
    Женски
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.036
    Допаѓања:
    87.144
    Пол:
    Женски
    Читате коментари по нетов?Тамара вечерва пред жирито подобра и од вчера , предобро пеење.Ќе има доста поени од жири.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Женски
    Дај линк да чујам
    Иначе да не знаете колку се плаќа порака за гласање ?