Гледам многу се зборува за сликите во позадина.Мене тие слики ми беа нај емотивниот момент,ама буквално.Дали од аспект како мајка не знам.Ама знам дека музиката плус тие сликите made me cry. Па на таа последната со ќерка и...партали. Не ја обожавав Тами ама ич.Ама ова навистина беше ежење !!! Јас мислам дека сме биле некаде 9-10 место еве и зошто. Швајцарија и Малта се најголеми фаворити па ги прочитаа последни.Сигурна сум дека биле во топ 3. Инаку Холандија ќе победи. Се така си мислам. Конкуренцијата е голема. Но се надевам во топ 10 дека ќе бидеме
Аха Данска второ и Чешка трето. Не се согласувам со многу позиции. Исланд може да добие многу од телевоутинг, од жири тешко. Исто и Белорусија, Кипар и Швакцарија. Малце од жири ќе имаат, а повеќе од телевоутинг. Лани Кипар ќе победеше, ама жирито не ми се дава поени на фаст фуд песни. Ние обратно. Од жири мислам ќе имаме повеќе поени, од телевоутинг слабо. Очекувам Холандија, Русија и Австралија топ 3. Поготово Русија и Холандија омилени мислам дека се генерално на публиката. Србија на последно ја ставиле бе. Секогаш биле топ 10 кога пуштиле моќна балада.
@staycalm да не знаеш што е работава со Исланд, нешто за политика се спукале со новинариве или не знам што..?
Прв пат слушам. Не верувам дека се спукале со новинарите оти обично не ни одговараат на новинарски прашања со изговор дека ако одговорат ќе е политички, поврзано со капитализам бла бла
Исланѓаните и Австралијанката во бекстејџ, горе имаше пишано и "the alliance of the far away islands" Баш симпатична дружина, посебно оти тотално различен стил и вајб им имаат песните и настапите
Многу ми е мило што во форшпанот е вклучена и Офра Хаза со Им нин Алу. Убави што се сетиле на неа и после 19 години по смртта.