Она што сакав да допишам за второто полуфинале е дека многу ми се допадна што ги имаа повикано групата Шалва. Настапот им беше врв, преемотивен, преубав. Инаку ги слушнав и песните од големата петорка и плус Израел. Италија, Израел и Велика Британија не ми се ништо посебно. Франција има убава мелодија, а вокално не се истакнува нешто претерано. Но има добар сценски настап, па можно е да има и добар пласман. Германија имаат добра песна, ми се допадна. Шпанија пак ми е меѓу фаворитите за победа. Песната е типично шпанско нешто, разнобојно, енергично, разиграно, оптимистично. Педесет пати досега си ја испеав, заразна е. Исто така ме интересираше зошто се крена толку галама за Холандија, а мене ми беше само океј кога ја слушнав. Па, си ја пуштив пак, ја преслушав и мислам дека навистина е оправдано меѓу фаворитите за победа. Имаат 1.6 милиони прегледи, а ние имаме само една третина од нивните така што не плашете се, нема да треба да се гради сала. Жал ми е за Украина што не се натпреварува, а песната е предобра. Да настапуваше сигурно ќе имаше одличен пласман. А како најпотресени од случувањево Евровизија ми беа претставничката на Малта, Хрватот и Албанката. Така што за вечер се надевам ќе си има итна таму кога ќе се читаат douze points. Ај поздрав еден со шпанскава песна, па вечер може ќе ве дружам.
Добро , на што личат коментариве . Страшно ! Аир да не видела бе Тамара е крива зш името го сменивме . И тоа ,толку крива што треба да ја колниш .
Исланд се дефинитивно мои фаворити, имаа фантастичен перформанс и одлична песна (секако специфична, не е за сечиј вкус), ги обожавам настапуваат 17-ти вечерва. А на линков можете да го видите распоредот на песните за вечерва, ние настапуваме 8-ми.
Ќе се самоцитирам и ќе ги додадам тука и Исланд и Словенија, се мислев дали да ги пишам ама нешто не бев сигурна. Групава од Исланд е бледа копија на Rammstein ама впечатливи се. Словенија имаат добра песна ама настапов ми делува некако празно. И така, после долги години ќе седнам да гледам, има што да се види. Ќе почнат 12ки да летаат накај нас.