Можно е Украина повторно да се откаже од Евровизија. Всушност, Украинската Национална Тв го спонзорира одењето на Евровизија со 50% додека останатите 50% средства треба да ги обезбеди самиот артист кој ќе ја преставува државата. Go- A, кои годинава се претставници на Украина, изјавиле дека тие не се во можност да обезбедат толкави суми, па бараат помош од публиката, всушност донации и/ или некој спонзор...
Велика Британија најверојатно ни спрема нешто (пре)добро. Останува да видиме во Четврток, на BBC Radio 1 и 2, околу 10 часот наутро.
Ммм вака сега, јас си сакам ваква музика и ако е во овој, иако неевровизиски стил, можно е да ми се свиѓа, многу и тоа. Одма добивам желба да седнам на некој шанк во загушлив кафич, да си порачам џони и уживанција. Ама тоа јас, инаку знам дека на 90% евровизиски фанови нема да им се допадне. _______________________________ Песната на Украина за мене е елиминирана, не секој етно стил може да се вклопи со модерен стил и да оди на фестивал на забавна музика, баш па овој не. Лично ми е напорно за слушање и три пати се обидов да ги слушам и три пати ги прекинувам зошто не можам да ја дотрпам песнава. Не им предвидувам финале ни во сон ако е гласањето фер. _______________________________ На Полска многу ми се допадна баладата, моќна е, само не знам како ќе помине, затоа што годии наназад победуваат и добро котираат балади и ми се чини дека веќе стана досадно. Сепак ми се допадна многу. _______________________________ Се‘ уште најмногу ми се допаѓа песната на Литванија. EДИТ: Словенија сега ја слушнав, прв впечаток, ништо посебно.
Веќе пишав дека ги слушнав песните на Литванија, Белгија, Франција и Шпанија. Само на Литванија ја ислушав цела. Секој ден ја пуштам. Другиве само на почетокот. Не ми влегоа во уво. Обично кога слушам песна за Евровизија ако не ми се допадне на почетокот, ја баталувам. За Грузија и Украина да не правам муабет. Ушобол.
На Грузија не е таа песна, ќе биде веројатно во тој стил, но не е таа. Да не судиме пред време. Исто и јас на Литванија единствено си ја слушам и на Албанија знам да си ја пуштам од време на време, е тоа е тоа што го реков во еден претходен пост, колку порано меѓу првите се пушти песната во етер, толку повеќе има време и место да се засака, сега сите на куп ура бура излегуваат и тоа што е просечно ќе биде рангирано ептен лошо, а Албанија иако просечна си ја засакавме скоро сите, немаше конкуренција, како прва излезена, нема кој не ја слујшна, ај уште еднаш, ај уште еднаш и си ја засакавме.
Да ама до мај ќе се здосади... мислам дека 20-25 феб. е најправилно да се објави песна. П. С: Јас баш Литванија неможев да ја дослушам
Каква и да е на Грузија, знам дека нема да ми се допадне. Слаби песни испраќаат на Евровизија. А гласов на пејачов е ту мач за мене. Тој лани беше врв. Уплав добив. Другите песни утре ќе ги слушнам. Литванија уште е фаворит на обложувалнициве. И најмногу прегледи има на ЈуТјуб.
Тоа да, ама не верувам да победат. Колку се во можност да финансираат победнички настап баш и незнам. А, можеби ќе бидат фаворити на публика, но не верувам и на жири. Засега Норвешка е сигурен жири победник, а и кај фановите е супер.
Пак Норвешка да победи? Баш утре ќе ја слушнам песната. Италија е втор фаворит. Ама рано е уште. Нека излезат сите песни, па ќе видиме. Во сабота Хрватска избира претставник, а Србија во недела. Слабо звучни имиња и на двата фестивали.
Четврток Германија и Велика Британија, петок Белорусија, сабота Исланд, Молдавија, Естониа и Хрватска, недела Србија, Романија и Грција.
Лани Норвешка си го доби од жирито. Од телевоутинг имаше најмногу гласови - 291, а од жирито само 40. Ете како жирито може да те зезне. Како што беше случајот со Италија во 2015г.
Е тоа е проблем, жално е што немаат сите еднакви шанси да се претстават на сцената, има навистина сиромашни телевизии како нашата и секогаш ние сиромашните потфрламе во настапите, но Литванија мене лично ми се допадна како ја изведоа песната и сценски и вокално на домашниот фестивал, мислам дека се супер. Норвешка не ми е хит, не знам зошто, точно два пати ја слушнав и не ми се пушта пак. Не сум љубител на балади иако знам да засакам одредена, но оваа не. На пример нашата лани за мене беше врв и со мерак ја слушам и денес! Инаку токму Литвванија пред некоја година е финансирана од некои бизнисмени на Евровизија зошто телевизијата немала пари за да настапат а го потврдиле учеството. Браво за нив и ние имаме потреба од финансиска поткрепа ако имаме добра песна за Васил, што од срце се надевам дека имаме.