Ви текнува на 1990 на Ascuzar Moreno со Bandito, шпањолките? Први беа, се зезна музиката на почетокот, ама хит за сите времиња, по дискотеки го пуштаат, евергрин. Не значи дека ако е прв ќе остане незабележан, иако не ретко и тоа се случува. Од друга страна, има песни меѓу последните, ама се така здодевни, како ајде да се истрчаат побрзо и тие. Ако му е catchy песната, а како е вокално ептен добро поткован може многу да постигне.
Да да се согласувам. Додека да дојде последната песна, гледаш цела вечер, ти здосадило веќе и последниот нема ни да го приметиш.
Не настапуваме први. Кога ќе излезат сите песни ќе го направат редоследот. Се надевам дека нема да бидеме меѓу псоледните, како лани. Не верувам дека некој од постарата генерација не ги памти Azucar Moreno.
Сцената за You ќе ја прави истиот тим како лани и на сцената ќе има 5 луѓе заедно со Васил. ПОВТОРНО ОДИМЕ НА ДОБАР ПАТ.
Ќе биде живо. Васил колку што гледам, знае да се движи, тоа е супер. Тимот на Тамара како што кажуваа лани, биле многу професионални. Се надевам дека ќе биде се како што треба.
Дарко Димитров и Лазар Цветкоски повторно ни се во тимот Работат заедно на аранжманот заедно со Невена Нешкоска.
Ако Hurricane одеа на Евровозија со оваа песна, ќе ги гласав . Во секој случај, добра екипа стои зад нив, немаат промашување во песните, добри вокали се, енергични на сцена. Thumbs up. Нашата песна очекувам повторно да биде некоја балада, која ќе ги истакне вокалните способности на Васил, со некој улижувачки текст, а од такви ми е преку глава искрено.
Песната на Србија како повеќе ја слушам сфаќам дека сигурно ќе завршат меѓу топ 10 ако им е добар и сценскиот настап инаку ако им е лош може и до финале да не стигнат. Сега за сега нема да коментирам по кој пат се движиме додека не ја објават песната иако мислам дека... ништо не мислам ќе си ја чекам песната. Инаку до сега освен 1 или 2 слушања на евровизиските песни нити една не ми остави посебен впечаток за да ме натера да ја слушнам пак, ама затоа ме натераа да ги слушам од минатите години. Искрено годинава е многу слаба мината година и другите од едно слушање веднаш почнуваа да ми се вртат низ глава сега, ништо. Исто така се сложуваам за 2016 или Русија или Австралија требаше да победат уште не ми е јасно како победи Украина ама секој има различен вкус нели?