Сепак победува една од најдобрите, иако тоа е најфорсираната и од неа може да има и подобра. Ама па не се десило да наместат стварно лоша композиција да победи. Едит: Упс пардон, она ква ква израелката, аф лелеее даа
Црна Гора се повлекува заради недостаток од финансии. Унгарија од две причини. 1. За нив настанот е премногу геј. 2. Сакаат да се фокусираат на промоцијата на младите таленти.
Мислам дека ќе имаме успех и годинава на Евровизија. Многу ми е драго што Васил знае како и е свесен за успехот кој Тамара го постигна, а тој беше дел од тимот, од тие 2 (ако не грешам) интервјуа досега тој знае дека треба да згрми на сцена, има глас и способност за тоа, слободно може и некоја ултра моќна балада а и некоја заразна песна што никако не излегува од глава. Многу е битно планското планирање на парите, што во 2019 и направија, парите ги насочија на најбитните работи, односно квалитетна песна и сценски настап, а притоа Тамара не отиде на ни една забава пред Евровизија каде настапуваат артистите, за парите да се пренасочат на претходно споменатите работи, додека претходните артисти и тимови гледале да се изнашетаат, фан фаворити песни и на крај се појавувале со сценски настапи за никаде, што всушност не уништуваа. Ако Тамара дополнително одеше на тие забави, имаше средства за тоа, ќе го постигнеше тој hype кој ќе ни донесеше и повеќе гласови од публика, подобар пласман и можна победа.
Дечки, може ли да се отвори една нова тема за нељубителите на Евровизија и во неа да си се искажат тие што не ја сакаат и што сметаат дека не треба поради Х причини да учествуваме на фестивалот а и тие кои што ја сакаат, па таму нека останат тие ‘‘преговори‘‘, треба, не треба, сакам, не сакам. Сакав да направам тема, не ми иде наслов соодветен да ставам. Може ли оваа тема да остане на љубителите и уживачите во Евровизија, ве молам? Премногу иритирачки се веќе мислењата и препукувањата, зошто не требало, како не трабло, каде да се пренаменеле парите. Има луѓе кои го сакаат фестивалот и уживаат да го гледаат. Моето мислење е дека треба, не само 100.000 евра, туку барем уште најмалку 200.000 да одат за Евровизија, ако сакаме победа некогаш.
Ма каква победа? Немаме толку средства. Памтам онаа година кога беше Тоше. Победничката Руслана беше во скоро сите држави. Кај нив и државата помага. А нашиве одма бегаат.
Замисли уште државата директно да помогне , можеш да замислиш џганов како ќе реагира тек тогаш? Тоа кај нас би прошло ако реши да донира некој од богаташиве, ама све тоа е стиснато а и се плашат дека ќе ги линчуваат, едино како анонимус да донира некој богаташ. ЕДИТ: Ама знаеш како тоа се прави, излегува песната, свесни дека имаме одличен пакет и тогаш некој да донира, анонимно секако. Вака реаално стално освен лани, нешто фалело, на пример Тоше кој беше извонреден пејач, имаше толку лоша евровизиска композиција, што да не ја пееше Тоше, туку некој друг, ќе беше уште поголем дебакл и линч.
Интересни песничиња од националните натпревари на Литванија и Исланд. Најдобри за мене: Литванија Исланд
@RedRevolution тоа и ми беше поентата за Тоше. Феноменален вокал, ама песна катастрофа. Требаше да ја пее Далеку од мене. А и сценскиот настап беше лош.
Засега само на Албанија се знае песната, а Шпанија ќе ја објави на 30 месецов. Утре ќе се знае која држава во кое полуфинале е. Иначе од националните избори мене фаворити ми се Shaj, Me tana - Албанија, Wild, How About Mars - Норвешка и Dark Water- Чешка.
Како мислиш, Националниот избор на Албанија веќе заврши, така да тие ми се фаворити од кои Shaj всушност и ќе ја претставува Албанија. Националниот избор на Чешка се состои од 7 песни, сите објавени, a Dark Water ми е фаворит, може и да гласате на Eurovision апликацијата. Норвешка исто ги објави сите песни, 20, и фаворити ми се тие две кои ги спомнав.
Прво полуфинале е наше,прваполовина, први сме извлечени Оф леле заедно со, Белорусија, Литванија, Шведска, Словенија, Австралија, Ирска, Русија, Норвешка, Кипар, Хрватска, Азербејџан, Малта, Израел, Украина, Романија и Белгија... Србија, Албанија, Бугарија и Грција ни се во второ полуфинале, исто така Обединето кралство ни гласа во второ полуфинале, тешко нас.