Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2020

Дискусија во 'Музика' започната од SummerGirl, 18 јануари 2020.

  1. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Kaко можев да ги заборавам Исланд, колку се најкул! @Any05 ме потсети. :D (facepalm)

    Листата ми се менува со Исланд. :!:

    12 поени - Литванија :party:
    10 поени - Швајцарија :clap:
    8 поени - Грузија :clap:
    7 поени - Обединето кралство :clap:
    6 поени - Исланд
    5 поени - Молдавија
    4 поени - Полска

    Е за другите не знам баш како да ги подредам, тешко ми е зошто не ми се ни допаѓаат. А Балканот комплетно ме разочара, гледам дека на повеќето ви се допаѓа барем Србија, мене песната воопшто не ми е убава а нивното пеење од 1-10, чиста 2ка, колку да е прелазна.
     
    На SummerGirl, Ambitious, Any05 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.502
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Иначе Sanja Vučić од Hurricane, која всушност му е и најдобар вокал, настапуваше за Србија во 2016год. со Goodbye (Shelter) (преубаваааа песна), имала гној на ангина на настапот, веројатно затоа лошо звучеше.
     
    На smile:) му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Таа песна и оваа се неспоредливи, два света, Goodbye е класа песна за оваа, културна, одмерена, ова на што личеше, малку понетурбофолк гранд шоу. :@
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.381
    Пол:
    Женски
    Кога ќе прочитам коментари од просечна македонка дека србинките биле грди и не знаеле да пејат, поврача ми се. За тоа што се згодни не коментирам, преубаво пејат, особено Сања и Ксениа. Другата е малку за украс, ама сосем просечен глас има. Тешко е да играш и да пееш и трема да имаш уз тоа, но верувам ќе се спремат тип топ. Ептен сум фан на Hurricane 8-|. Песната онака, певлива е, ми се врти во глава цел ден. Всушност Евровизија и не пратам баш, дојдов да ги искоментирам девојките.
     
    На tamche995 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Еј ме потсеќаат на овој период во Македонија, како да е од 2000 песната, само малку прилагодена ко за гранд шоу. Не би знаела посоодветно да се изразам како се чувствувам за песнава.

     
    На adventurous му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.502
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    За утре на агенда, засега ги имаме:

    Австрија- Alive
    Ирска- песна + изведувач
    Сан Марино- песна + изведувач

    И можеби рандом да добиеме некоја од песните на Азербејџан, Малта и Русија.
     
    На RedRevolution му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Просечната македонка која мисли дека не знаат да пејат треба да сум јас веројатно. Не знам од што ти се поврача, мене на пример од турбофолкерскиот стил на пеење, па после и од тоа колку они трите лошо испеаа. А помалку важно и непресудно за мене, изгледот, ако они си се сакаат такви со гранде шоу изглед, мене ич не ми смета, не судам. Но песната дека е најобична тралалајка, тоа е друга работа. На тој што му е тешко да игра и да пее, нека не мрда и нека пее, ако сака да игра нека биде танчер, а не пејач, има такви на кои не им е толку тешко тоа.
     
    На Ambitious, Stephen Amell и SummerGirl им се допаѓа ова.
  8. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Aии Сан Марино :l: колку ги исмеваа, жал ми е. Баш сакам годинава да испратат нешто добро.
     
    На smile:) му/ѝ се допаѓа ова.
  9. adventurous

    adventurous Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2020
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Колку време ја барам песнава, фала ти.
    100пати пребарував преку Марија Каева дека не ми текнуваше името на бендот:D
    А српскава сега ја слушнав, обична тралалајка

    и не потсеќа на бендов повеќе на овие ми личи дека потсеќа

    само со сите додатоци да е српско:D
     
    Последна измена: 4 март 2020
    На RedRevolution му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.381
    Пол:
    Женски
    Не, не мислев на тебе. Повеќе на коментарите под објави на порталиве, од страна на проста маса. Прво, не знам зошто толку "турбофолкерскиот" стил ве прави слепи кога некој е талентиран. Настрана тоа што поп песни имаат девојките. Конкретно оваа има некои фолк примеси, ама мислам намерно е направено за на Евровизија тоа. Ги пратам од почеток, знаат да пејат и тоа е факт. Второ, ако има такви на кои не им е тешко да играат и пејат, тоа е поради причината што имаат кондиција. А кондиција се добива со редовно вежбање. Јас и да сум против некој стил на музика, не оспорувам нечиј талент. А настапов не беше баш на највисоко ниво, поради кондицијата пак ќе кажам. Нејсе, ова е мое мислење и не знам зошто се најде повикана од мојот коментар, не планирам да се расправам. Јас не сум критички настроена кон се што е поразлично од тоа што јас преферирам.
     
  11. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    И јас не сакам расправање. Се пронајдов повикана, да, затоа што пред малку искоментирав дека од 1-10 од мене имаат 2ка. И не им ја поправам. :rofl: Стилот на песната и пеењето за мој вкус останува ужасен, кому му е супер, супер, нека слуша.:)
     
    На SummerGirl, smile:) и Stephen Amell им се допаѓа ова.
  12. Aesc2000

    Aesc2000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2017
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    180
    Песниве годинава под просекот. Засега мојот топ 3 изгледа вака:

    1. Србија
    2. Шпанија
    3. Грција

    Не го разбирам хајпот околу Литванија и Исланд. Мене песните воопшто не ми се допаѓаат и дури ми се во bottom 5. Останати песни кои може да се издвојат се на: Швајцарија (посебно ми се допаѓа поради тоа што е на француски јазик), Холандија (се надевам дека ќе се гласа за песнава. Последниве години државите домаќини лошо поминуваат), Романија, Израел и Албанија (доколку ја преведат на англиски мислам дека ќе ја упропастат).

    *Годинава посебно ме разочара Италија која што имаше одлични песни на Санремо, а ја избра најдосадната.

    *Доколку во Шведска победи Bulletproof, верува дека ќе биде во Топ 3.

    *Како што приметив годинава сите Екс-Ју држави пеат на својот мајчин јазик освен ние.
     
  13. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Да не ме разбере некој погрешно дека ‘‘Бум - Јави се‘‘ ја споредувам со песната на Ураганиве, ни од далеку, само сакав да потенцирам на стилот на тој период од раните 2000ти плус прилагодена за гранде шоу. ‘‘Јави се‘‘ ми е 1000 пати подобра, им се извинувам на ‘‘Бум‘‘, да не ме сфатат погрешно, форумов е јавно место. :)
     
    На SummerGirl, adventurous и Stephen Amell им се допаѓа ова.
  14. adventurous

    adventurous Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2020
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Нема кој да те сфаќа погрешно тие се трансформираа само Марија Каева продолжи со по нешто.
    Плус јавни фаци се и тие си знаат што повлекува таа професија:)
     
  15. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Од ова што го слушнав досега, ништо не ми остави впечаток. Можеби е така зашто ретко која песна успева да ми се допадне од прво слушање, треба да е нешто ептен добро. Ама Евровизија е, сепак. Со години е веќе сосема просечна понудата.

    Ми фалат 2005, 2006, 2007... После тоа, замре некако се'.
    Ми фалат хитовите на Сакис, Руслана, Елена Папаризу и Хадисе:tmi:

    Инаку ја слушнав и српската вчера. Ми личи дека дека девојките имаат добар глас, солидно изгледаат иако не ми се допаѓа многу тој стил. Песната онака, 6/10.
     
    На adventurous му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.502
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Австрија:
     
    На staycalm и RedRevolution им се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.502
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Ирска:
     
  18. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски

    Да не го гледав, ќе мислев Бруно Марс е. :D:dance:
    Не е лошо. 8):)
     
  19. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.502
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    На RedRevolution му/ѝ се допаѓа ова.