Леле, леле, изгледа ќе имаме еуфории и годинава: https://wiwibloggs.com/2020/03/05/n...2020-song-you-ahead-of-march-8-reveal/251468/
Ми се грчи стомакот од тизерот на позитивен начин, се ежам. Го преслушав сто пати и очекувам нешто фантастично.
И јас 100 пати го преслушав, едвај чекам да видам што ни спремиле. ЕДИТ: Ај нема везе што пишав, морав да едитирам, бара причина за бришење коментар, а не сакам да поттикнувам зли мислења.
Исланд имаат интересна песна. А и гледам дека и они се фаворити. Баш ќе ми биде мило ако победат. Немаат ниту една победа. Литванците се уште имаат најмногу прегледи на ЈуТјуб. Германија ме разочара. Израел исто така. И Швајцарија. Полска страшно досадна. Уште Кипар и Естонија да ги слушнам.
Не би да судам од 10 секунди звук, ама нескромно мислам дека Литванија ќе ми биде на 2ро место, после Македонија се разбира. Ви текнува на една реклама за ‘‘Оливер‘‘ прашок за перење, со Тошо малерот беше. Вика ‘‘абе цело време бев прв и после дојде еден Оливер...‘‘. Така и пејачот на Литванија да не вика, ‘‘абе цело време бев прв и после дојде еден Васил‘‘. Шала на страна, рано е да судиме, 10 секунди се многу кратко време за проценка, ама ветуваат нешто многу добро истовремено.
Леле два, три пати проверив некој нешто да не пишал во темава денес после 10:30 и немааа. Си викам ова пред промотивен молк да не е, луѓево да не пиеле нешто да спијат до недела.. Во случај да се одржи и Евровизија без публика, колку и да е се направено најмодерно и со последна технологија, нема да биде тоа, тоа. Да се надеваме дека април ќе ни донесе топлина и ќе го убие вирусот.
Нема нешто многу јаки песни годинава, макар што уште на почетокот се знаеше дека ќе биде јако полуфинале, но поради државите, сега искрено откако ги слушнав тие кои излегоа до сега, очекувам нашата да биде баш нешто што ќе отскокнува. Мислам дека веќе сериозно почнаа да се трудат нашите, вистински да се натпреваруваат, сфатија дека не важно само да се учествува.
Е, па ние уште ја немаме слушнато нашата, си давам надеж, хаха. Инаку ако е uptempo и со тие традиционални елементи но сепак модерно и современо и се издвојува, прекрасен сценски настап, финалето ни е па и загарантирано.