Не е лоша, ама рефренот некако ептен невпечатлив, барем на прво слушање, што знам. Игрива, сè тоа океј, но баш и не ми влезе во уво. Гласот на Васил не ми е за такви тралалајки, ама па не е единствен ваков случај па некако океј сум. Ајде ќе видиме, нема лоши реакции засега. Или рано е. Пак ќе ја преслушам па мислам ќе ми биде убава. Треба прво да го сварам "танцов клуб Сонриса" моментот, јас не очекував ваква танго-мелодија па некако чудно ми делува ради тоа. Одамна не сме пратиле нешто вакво, барем е нешто поразлично не е ни балада ни ко песната на Ај Кју.
Искрено мило ми е што не е балада. Ќе ја укакаа ептен ако пратеа балада ГОДИНАВА. И да, на повеќе слушања подобра станува (бар мене така хахха)
Многу лоши коментари и на твитер.. На фејсбук не сум читал уште. Дај бар сами да си ја поддржиме ако ништо друго.
Швајцарија 2019 од Али експрес-комемтар на јутуб. Песните допирна точка немаат. Спотовите се слични. Јебала ве Швајцарија.
Дечки, мене ми се свиѓа Можело малку повеќе да има етно елементи ама и вака си е фина. Уште да се потрудат со настапот и мислам дека убаво ќе се претставиме пред Европа. Пласманот не е битен, тоа е муабет за друг пат, битно ние да се покажеме во солидно и квалитетно светло.
Исто. Замисли кој момент ќе беше со него да играше. Плус повеќе смисла ќе имаше цела кореографија. Ама кај се Македонциве спремни за тоа? Нема да се затнат со плукање.
Коментарите се негативни зашто направија огромен хајп пред песната. Инаку како што реков, песната има потенцијал.