Далеку подобра е од Лејлалалејла на Мартин Вучиќ, на пример. Друга некоја денс песна што сме ја праќале не ми текнува, ама од таа секако поубава е. Мислам, нема споредба. А ова што споредуваат спотови, песни, сцени...ништо ново. Дежурни од тој домен мора да има, ова им е пракса, да јадат трици колку се неинвентивни претставниците и слично. Мене не ми е лоша, само очекував нешто поинакво можеби, ама ќе видиме како ќе биде. Само да не му стават некои евтини танчарки ко оние на Вучиќ, што се растверкаа. Среќа нема таков ритам, спасени сме.
До душа не е ни битно што ќе кажат Македонците, туку тие што гледаат Евровизија низ Европа, тие треба да гласаат.
Мене ми е како на Јана Бурческа, ако имаме добра сценографија (а нема, пошто low budget) може и ќе добиеме финале. Топ 10 никако.
Можело малку повеќе да има многу работи искрено. Добро, како се они самите задоволни, тоа не го разбирам, никако не ми иде во главава. Знаат какви се критериумите на публиката, па и на жирито. Добро не можеше нешто побрз да е рефренот, поспектакуларно да е малку? Што знаи ова, ‘‘се трудиме да не победиме, ама и да не сме најлоши‘‘?
Еден имаше пишано дека песнава е дефиниција за mediocre и тотално би се сложил. До првиот рефрен ми има огромен потенцијал, после тоа ми е скроз досадна. Спотот па уште подосадна ја прави. Колку добро и да танцуваат девојката и Васил, целиот спот е некако несинхронизиран.
Не не, кај е типичен Македонски бабуш спремен да види такво нешто, ќе го гаѓаат со камења коа ќе се врати. Мислам сакам да си е свој и да ни го даде баш тоа, ама безбедноста негова ми е на прво место. Се мразам ради коментаров btw.
Ајј малку посмирено сега, ја слушам со две слушалици, детето си врзав за радијатор за не ми смета . Може преееемногуу очекував, песнава не е лоша, добра е, не е одлична, но добра, а со оглед каква конкуренција има, меѓу најдобрите е, ама јас очекував победник, е тоа е мојот проблем.
Јас очекував песна кај што ќе се покажат неговите способности, не очекував нешто wow ама не очекував дека нема да ми побуди ама баш никакви чувства и реакциии што знам до 1:30 добро е потоа...што знам За спотот и мене ме потсетува на she got me само што таа беше и тоа како подобра и одговараше со песната а ова... не е тоа, тоа
Победник? Убаво ме насмеа па колку буџет ни треба, треба сите 2 милиони бесплатно 5 години да работиме и парите за тоа да се вложат за да победиме.
Нема што да се мразиш, потполно си во право. Веќе летаат безобразни коментари за него, а не па со таков спот да излезе. Ненормални се нашиве тука.
Спотот се согласува со песната, сосема, пее за танцување и танцува со типката, све е супер. Тоа личело не личело на нечиј друг спот, не е важно, лани на Тамара спотот личеше на Плакала спотот, па 7мо место освоивме. Искрен совет до Васил, Дарко, Невена, Лазар, мал ривамп молим, све ќе биде добро.
Ја пратив песнава на другарка ми, од прво слушање се опседна, почна да ми снима видеа како игра на песнава Камо сите да се вакви ко неа хахаха
Исто и другарка ми. Тоа велам, ние што сме активни и што го гледавме тизерот, очекувавме многу повеќе.
За настапот да не се грижите оние кој работеле со Шведска 2012 сега нас ќе не спремаат инаку се по позитивни коментари има