Абе ужас не влагаме годинава, дури и со добра песна не влагаме. Овде нема кој да не гласа и кога сме добри. @Компир Манџа малку се две, а и не ни даваат они високи поени, стално ситнеж, на Тамара и дадоа по 2-5 поени, така нешто, а се работеше за нешто најдобро што сме пратиле . Така да повеќе среќа во 2021ва.
Италија и Германија се тука Но не е најдобрата комбинација, само да не настапуваме први или втори, нека бидеме барем 5-7. Единстевено што останува е неверојатна песна, уште поневеројатен настап и добра реклама.
Хмм, можеби. Сепак имаме шанси Шведска, Украина и Австралија сигурно одат во финале, Белгија тука некаде, Белорусија, Русија, Азербејџан и Украина сите се гласаат меѓусебно...
Toа што се гласаат меѓу себе не значи дека ќе биде доволно за да поминат, проблемот е што тука има држави за кои гласаат сите оние за кои тие и не гласаат никогаш. на пример: 1. Шведска (Шведска, мислам дека не треба да праиме муабет за нив), 2. Австралија (па да, најевропската држава што не е во Европа), 3. Белгија (оди со добро познато име, помината е веќе рачунај), 4. Русија (голема е Русија), 5. Азербејџан (кои не ми се јасни кој толку ги гласа ама 100% си идат понатака секогаш ич да не секираат), 6. Израел (тие не само што одат понатака, тие секоја 5 година победуваат како и ШвериЃе), 7. Малта (секогаш ужасно досадни и многу љубени од сите, не знам зошто), 8. Норвешка (за Норвешка збориме овде, што не е јасно?), 9. Кипар (Грција со другото име, љубов голема на светот цел) и 10. Ирска (не ми се баш најсигурни ама и тие ако не прошле две три години по ред, одат 100%) Како што можеме да видиме наброени се 10те кои одат понатаму, ГЕЈМ ИЗ ОВЕР, шо би рекол инспектор Томе од Преспав. Никако нема да го окривам Васил за овогодинешниот ‘‘неуспех‘‘, не му го предвидувм однапред, тоа може ќе биде успех, ама успех што ќе остане во полуфналето. За жал. Сигурна сум дека и дечкото е веќе вознемирен и знае што линч го чека, зошто не секој се замара со тоа реално да види во какво ужасно полуфинале сме и што тоа реално значи за нас.
Таа среќа сме во такви полуфиналиња се паѓаме, за жал. Норвешка ќе помине иако нема песна добра позади неа.
Ние можеби ќе добиеме гласови од жири, ама телевоутингот ќе не скине. Само 3 држави сигурно гласаат за нас - Словенија, Хрватска и Австралија. Стандард од нив добиваме малку смс гласови. Не мора да значи дека Русија и Азербејџан ќе влезат во финале. Кикснаа во 2018та. Само Украина и Австралија секогаш одат во финале. И оваа година ќе биде така. Австралија се провлекува заради жирито. Израел откако го променија начинот на избор, секоја година идат во финале. Исто и Шведска.
Знаеш колку треба да сме добри годинава за да поминеме во финале? Најмалку колку лани, плус да имаме среќа да искочат барем 10-12 лоши песни во нашето полуфинале, не велам дека не е можно, ама многу малку веројатно. @SummerGirl Србите гласаат за нас највеќе лани дупла 12ка добивме од Србија, и жири и теле, Словенците и Хрватите послабо дури, но земаме бодови и од нив, греота да речеме дека не. Австралија лани прв пат ако не се лажам ни даде поени од жири, дека стварно бевме добри, дури 7, а од телевоутинг од нашата драга аусралиска дијаспора добивме 0 (НУЛА).
Ама Србите не се во наше полуфинале. А со оглед на тоа што ние лани не им дадовме поени од жири, ништо чудно они да не зезнат оваа година (ако влеземе во финале). А они сигурно ќе влезат. Им се посреќи годинава. А ние баксуз.
https://www.redbubble.com/people/je...roud-macedonia-eurovision-2019?p=a-line-dress Интересно Едит: крај https://www.redbubble.com/people/do...cedonia-eurovision-2019-merchandise?p=t-shirt
Шпанија ја објави песната. Добра е. http://www.rtve.es/television/20200...canto-eurovision-rotterdam-2020/1997720.shtml
Супер е песната, ама некој друг да ја пеел, вокалот не ми се допаѓа воопшто, уште еден стенкач, напорен за слушање. И Норвежанката Рејли - Вајлд, се надевам дека нема неа да изберат, никако не можам такви гласчиња...
Шпанската нема да трае долго мислам, не е толку интересна, а и вокалот е лош. Пак ќе бидат тие 20-26 место некаде.
Далеку е од победничка мелодија, но мене ми е исто пријатна за слушање. Гледам дека евровизискиве фанови одма ја напднаа, не и предвидуваат повеќе од 17-18то место.
Чешка имаше далеку подобри песни годинава во избор, како на пр. "Dark Water" или "All the Blood (positive song actually)"
Србија ѓи објави песните за Беовизија, имаат некои добри, ма да очекував повеќе. Фаворити ми се Очи Медузе- Андрија Јо, Hasta La Vista- Hurricane и Бомба од Неда Украден.