За жал, не ми се допадна. Му ја посакувам сета среќа и нормално успех и барем пласман во финалето, ама не знам... со песнава 80% од евровизиските песнички се со ваков ритам и вајб и се тотално безлични. Може на сцена помоќно ќе звучи А штета за капацитетот на дечково, заслужува далеку подобра песна. Многу ме потсетува на времето кога Тоше отиде со исто ваква подпросечна песна. Залудно потрошен талент. Како и да е... ја има мојата поддршка и секако дека ќе навивам за нас
Песнава ќе биде од тој тип на песни што ти треба време да ја засакаш, јас веќе и ја потпевнувам, хахаха.
@RedRevolution, не знаеш колку бев разочарана од The Black Parade албумот на MCR. Three Cheers for Sweet Revenge беше совршенство (според мене). Еднаш го ислушав целиот (тогаш) нов албум и толку беше. Ама од друга страна, тој албум им донесе цела легија фанови, на кои тој нов музички правец на бендот многу повеќе им легна отколку на мене. Ми го свати муабетот, така? Различни вкусови Мене лично песнава ми е океј. Зошто реално, за мене да ми биде баш онака погодена, треба да биде метал. Ок, или барем рок. Е, ама тогаш ќе има исто куп забелешки зошто такво нешто сме пратиле, вака требало, онака требало... You е таква каква што е. Некој така ја замислил, и океј си е. Не е ништо полоша од претходните две кои победија, да не ја ни спомнувам Израелката која кокодакаше. На Евровизија ретко кога победува најдобрата песна. Знаеш кога последен пат ми победи песна за која навивав? 2006 (Lordi) Добри сме оваа година, и со солиден сценски настап мислам дека достојно ќе се покажеме (кога веќе сме се запнале да учествуваме) Исто, You многу, многу, многу повеќе ми се свиѓа од Proud, која ми беше најпросечната песна што може да се прати на Евровизија.
Инаку, ми текнува моментот, гледаме дома Беовизија 2007, почнува настапот на Марија Шерифовиќ, јас таква си викам: "Ова ако го пратат да ги претставува ќе се фрлам од тераса", не само што ја пратија туку и победи. Ден денес кога ќе ја слушнам се ежам и убава песна ми е, а на прво слушање ми беше досадна и ќе се фрлав. Не е точно дека првиот впечаток за нешто е најбитен.
Не е лоша песнава, мислам.. не би ја пуштила по дома да ја слушам, ама да е Евровизиска, е. Му посакувам среќа.
Одамна не е битна не од сега хахаха (a коа ќе ми текне дека пред неколку години упорно ја споделував..). Знае да погоди некој статус онака ептен ко шо треба, али знае и да укака. Нашиве инфлуенсери на фејсбук, инста и твитер се повеќето мизерија невидена. Со глупости и јадење гомна се прославуваат, и кога треба да се јаде гомна и кога не треба. Само ме интересира кој е зад профилот, оти само анонимно има храброст да се просерава
Доволно е да и платат некој денар да ја промовира песната, одење у Ротердам е веќе џекпот. Иначе.. Многу слаба оцена има песнава сеа за сеа. дај гласнете на линков со 4/5 оцена https://eurovisionworld.com/eurovision/2020/north-macedonia
Јас само се надевам на добар сценски настап и да не е сам на сцена. Инаку истото ќе биде ко со Јана Бурческа. Пошто најмногу на таа песна ме потсеќа.