Некоја порака нема, но сепак ми се допаѓа. Пред се' затоа што е нешто различно од се' што сме испратиле досега. Се чувствува дека е создавана од некој кој твори на друго тло т.е. се чувствува тој американски вајб, што мислам дека не е нешто лошо туку баш напротив интересно звучи. Па како ќе се пласираме, останува да видиме.
ja slusnav i patuvam.. za nijansa podbra ..ovoj li ke ne pretstavuva ? ne mi se dopaga ic ovoj ko peac ..mi rasipa vecerta ..ot kajj a slusnav posebno ovaa sto ke ke ne prettavuva jas tuka zavrsuvam soovaa tema ..pozz za site lani favorit mi bese aarcade holandija i pobedi .. sekogas moite favoriti se megu prvite .. smejte se kolku sakate i sledete ne bitni listi no pamtete ja spanija,norveska i germanija godinava ..ovoj nasiot vo poslednite
И коментарите на You tube ама искрено и моето мислење се смени колку повеќе ја слушаш повеќе ја сакаш. Да ви кажам искрено мене лани ни proud не ми се допадна на почеток.
Ми се допаѓа нашава песна. Дури можам да кажам дека од сите што ги ислушав сега, оваа ми е во топ три сигурно. Се согласувам со @Purplelilac за вајбот Јас уште би додала дека се чувствува малку меланхоличен вајб, мистична атмосфера. Или само јас така ја доживувам. Во секој случај, многу сум задоволна. Со среќа
Вие тука жалете се ама на странциве им се допаѓа песната, особено на Грците и Хрватите. А и какви досадни песни има годинава, супер сме
Конечно некој паметно да каже. Аман со патетикиве амбулантни возила и слично. Па зошто ги праќаат ракометариве на европско?! И тоа кошта нели ? Минатата година се фатија со хејт на Тамара, аман луѓе олабавете. Не е надлежност на Тамара да го решава проблемот со здравството!
Мене ми се фаворити ураганкиве. Згодни, добри вокали, енергични се на сцена. Башка тоа супер се девојкиве де ! Културни урбани... Топ
Hurricane се добри само на видеата на YouTube. Пред некое време ги гледав на сториња во дискотека во Охрид. Луѓе, нешто пострашно немам слушнато долго време. Катастрофа се во живо. Убави се и згодни, ама им фалат многу подобро пеење и меѓусебно усогласување за да се full package. Се надевам позитивно ќе ве изненадат на Евровизијава
Друштво, за да некој (не) ви се допадне треба да имате слух и познавање од тонови, гласовни квалитети или подобро кажано - општо музичко образование. Само затоа што не ви прави ќеф одреден вокал или композиција, не значи дека истата не е добра. Вкусот и слухот се индивидуална работа, суштинско познавање од музика сосем друга. Васил е искусен изведувач, и не е на сцената од вчера. Бидете политички коректни и покажете малку почит.
Слушни ја Сања Вучиќ(црната) како пее па ќе правиме муабет. Она ја претставуваше Србија во 2016. Има милион клипчиња како пее и фолк и поп музика. Неверојатно моќен глас има.