Песнава си е океј. Не ми е wow, ама солидна. Мислам дека ќе не' има во финале, уште ако на сцена се покаже добро. Со оглед на тоа какви се другите нумери, ехее. А кој датум ќе биде Евровизијава?
12 мај - прво полуфинале (македонија е во првата полуфинална вечер) 14 мај - второ полуфинале 16 мај - финале
Ух, кога веќе има шанси, нека победи Бугарија. Ќе одиме до година во Софија, хехе. Шведска да ја пратеше песнава Топ 5 ќе беа. Малта:
Колку пораснало девојчево. Ќе ја слушнам песната па ќе дадам мислење. А Русиве што чекаат за да ја објават песната? Не се потпирајте на кладилнициве. Има уште време до Мај. Може и пресврт да се случи.
Моите топ 10: 1. Франција 2. Шведска 3. Србија 4. Грција 5. Израел 6. Шпанија 7. Хрватска 8. Германија 9. Австрија 10. Кипар Многу лоша и слаба година во споредба до претходните. Ниту една песна не ми е нешто спектакуларно.
Катастрофа е годинава, не можам да одберам фаворит и победник, крајниот исход ќе зависи од сценскиот настап. Нашата песна е океј баш е средина ни предобра ни многу лоша ми фали некој бум во мелодијата или рефренот, згора на се баксузи сме секоја година паѓаме во појакото полуфинале каков малер не бие еве не знам, сепак мислам дека би влегле во финале само ако имаме добар настап... Вака би ги подредила јас 1. Бугарија / Израел ( Бугарија - Били Ајлиш од ибеј, зависи од сценски настап ама мислам ќе бидат топ 5 мистична е песната, добра порака, поинаква од другите балади; Израел мноогу уникатна песна во споредба со другите, девојката има преубав глас исто мислам може да биде топ 10) 2. Исланд ( весела и певлива песна, ептен ми се свиѓа) 3. Србија ( уникатна им е песната и мислам ќе направат добар бум на сцена, ќе се издвојат од останатите а и заразна песна имаат) 4. Полска / Норвешка ( две добри балади, пре би ја избрала Полска со Џејмс Бонд вајб) 5. Литванија ( исто како и за Исланд мислам) 6. Холандија ( интересна балада а и каков глас има човекот секоја чест, ќе блесне во финалето не знам колку ќе имаат добар пласман како домаќини) 7. Малта / Шветска ( Оваа од Малта како да е 4ти член на Мамас од Шветска, а и слични ми се песнивее) 8. Германија / Австрија ( зависи од сценски настап може да бидат во топ 10).
Искрено, малку се разочарав од you.Не дека е песнава лоша, ама не е ни одлична, просечна ми е.Од почетокот започнува добро и после веќе рефренот станува досаден. Ако смислат интересен сценски настап со кореографија, кој реално најмногу би одговарал на типот на песнава, веројатно би имале повеќе шанси за успех. Ама , ќе видиме , да не носиме ран заклучок.
Сигурна сум дека веќе е договорена сумата за сценски настап, бидеји е договорено со истите луѓе да го прават од лани, така што ова се некои екстра пари, може на диета ќе бидат, или ќе кампуваат, нема да идат во хотел . Како и да е, да се надеваме на најдобро само.
Сега ми текна, всушност Васил има бугарски пасош значи не му треба виза а и мислам дека брат/ сестра му живее во Лондон, уште со Визз да лета и топ. Т.е и онака е битен и тој hype на тие забави, да го имавме тоа лани ќе бевме Топ 3.
Да го имавме тоа лани може и ќе победевме. Секако е многу важно, можеби човекот оди на свој трошок со некоја мала надокнада, не знаеме.
Читав до сеа глупи коментари на фејсбук. Ме иритираат максимално. А па замислете да играше со шанкерот шо ќе беше, бунт ќе дигнеа сељаците
Staycalm пратиш евровизиски теми по странски форуми? Ај сподели нешто од таму, македонци што имаат на фб да каже одамна прочитано е.
Ги читав коментарите на YouTube, Васил има поголема поддршка од странство, отколку од Македонија. Ќе имаше поголем успех да танцуваше со келнерот, ама мислам дека тоа не го направи, оти нашите имаат многу големи предрасуди.. А се гледа дека има искри меѓу нив.
Можеби тоа ќе го направи live. Сепак, Go on now, Tell them, raise your voice and say it loudly, Show them what it means to stand up proudly, Tell them this is me and thanks to you I'm proud.
Разочарани се зашто според тизерот многу подобро изгледаше. Мислам ќе ја засакаат до мај повторно, а и сега во Лондон на 29 март.
Истото си го помислив, замисли да си замислеа да игра навистина со момак, па тоа ќе беше главна вест по сите портали, ќе го умреа Васил, попови ќе се јавеа да проповедаат за тоа како не било христијански, па оџи, дрн дрн.... Кога ги ппрочитав коментарите каде луѓево предлагаат на сцената да игра со маж, искрено кога ја слушам песната и пробувам да си замислам така да е на сцена, всушност многу ми се допаѓа идејата, би било совршено. И точно дека нема никаква хемија со танчерката, а фали затоа што песната е ужасно секси.
Еве повели, читкај си. https://www.escunited.com/forum/threads/north-macedonia-2020-vasil-garvanliev-you.18781/page-12
Линкот погоре што ти го остави Red го читам, и на фејсбук читам во евровизиската група. Во групата нешто не се многу импресионирани, ама на повеќето им се допаѓа. Е сега колку ќе гласаат за нас не знам, ама сепак се' ќе зависи од тоа како ќе настапи во Мај. На јутјуб па реакциите се воглавно позитивни, ама пак, ретко кој е импресиониран. Оваа е прва што ја видов да не' стави на прво место во нејзината топ 38 листа. А и лани Proud и беше прва