Прво немој 20__ , туку 202_ се надевам барем 1-2 кога веќе не 0. Второ, луѓево не сфаќаат дека ако победиме, навистина градот и државата воопшто ќе профитира од туристи, на пример мај како што е прекрасен месец,една журка во Охрид ќе се напраи, друга во Битола на пример... мала е Македонија секаде за два часа најмногу се стасува, пак ќе речам, ЕВТИНОО за нив џабе е овде. Трето, да фан сум цел живот. Четврто, од парите на туристите ќе се почастиме некое АМБУЛАЦЕ.
ne pink tv i tie srpski gluposti ne slusam ..none i ova sto ke ne pretstavuva ..ne ne . ..slusav nekoi pesni od predhodno stone pretstavuvale..naidov na edni 100 % te ljubam, 100% eda ..vo isti kos so niv ovoj ..za nisto ne go biduva ..zalam hahahaha
Немам против, апсолутно! Но не верувам дека е исплатливо да направат толкава сала која и онака ретко би се користела потоа, бидејќи треба да собира премногу луѓе, дури и Скопје е многу мал град за толкаво салиште, немаме ние настани за кои би можела таа сала многу да се користи, единствено што појаките имиња како Андре Риу, Стинг и ред други кои и онака ретко ни доаѓаат, на пример би имале повеќе публика а луѓето би добиле поевтини карти. Плус не сме ние некоја популарна европска дестинација, па да речеме за концерти на светски имиња ќе навали пола Европа, ние можеме само за концертен туризам од соседите за се надеваме. Секако дека добро би ни дошла една гоелма сала, но верувај никој нема да си дозволи да ја изгради во градови кои немаат толку жители, колку што таа сала треба да собира луѓе.
И така, сите појаки песни се со нас во полуфинале. Црно ни се пишува, за жал, иако имаме подобра песна од повеќето, сметајте на тоа дека некои држави како Шведска на пример, ќе влезат само затоа што се тие кои што се, а не затоа што песните им се WOW.
Леле пре до бра. Ја слушнав демо верзијата пред некој ден ама друга пејачка ја пееше и не беше сигурно дека оваа песна ќе е за Евровизија.
Еве ме и мене да споделам импресии кога скоро сите песни се излезени. Прво за нашата, ми се допадна. Реално немав некои замисли за песната, и уште кога ја слушнав прв пат тоа I wanna dance with you остана да ми се врти во глава. Но, да бидам уште пореална не верувам дека ќе се искачеме којзнае колку високо. Можеби топ 10, што пак не е лошо, за повеќе не верувам. Би сакала да не сум во право. Второ, ќе ја спомнам Бугарија. Во последните неколку години се врв од Балканот. Песната за оваа година, кога ја слушнав прв пат си реков мех, Били стајл, ама колку повеќе ја слушам толку ми е попријатна и мислам дека имаат огромна шанса. Понатаму ќе ги спомнам и Србија и Литванија поради коментарите овде. Ниту една не ми беше wow од прво слушање, ама овде гледам на некои доста им се допадна песната на Србија па решив да ја пуштам втор пат и ништо, потоа трет и пак ништо, и тоа беше тоа. Литванија на втор пат ми се допадна повеќе од првиот ама пак не ми е wow. За крај, некои од песните кои ми останаа во глава се: Бугарија, Швајцарија, Кипар, Австрија, Обединетото кралство и Молдавија. А да, и последните две, Малта и Азербејџан исто се доста добри. Едит: сега по преслушување ми се допадна Германија. Холандија истп така иако на прво слушање ми беше досадна. Австралија исто ми е океј, и секако на Италија не можам да останам рамнодушна, веројатно поради јазикот.
Кипар во 2018 (Фуего) имаа фаст фуд (да не речам турбо фолк) песна. Сите беа мех и не и предвидуваа висок резултат се до првиот настап во полуфинале. После рипнаа во топ 5 по обложувалници. Мислам дека истото годинава ќе се случи со Србија. Не е нешто wow, ама ако се покажат добро на сцена имаат шанси за победа.
Ми се допадна нашата песна и сум многу изненадена. Мислев ќе биде некоја досадна балада, но ептен е по мој вкус. Васил убаво пее на англиски, ми се допаѓа целосно песната. Многу многу другите ги немам слушано, сега ќе видам шо песни се, тие први шо излегоа не ми беа убави нешто.
Сабајлево на македонско радио кажаа дека Васил ќе настапува со 5 девојки на сцена. На кој црн настап ние сметаме, не може тоа никако да изгледа ок ми се чини, никако не можам да замислам дека тоа добро ќе изгледа. Сите тие 5 ќе пеат, песната го бара тоа всушност, две-три треба едно да пеат, уште две или три да викаат истовремено ‘‘три невесте тикве брале‘‘, тоа не е само на 2:40, ако заслушате добро се испреплетува низ цела песна, се тоа се поклопува. Нема место ни за танц на сцена ни за ништо.
ахахахах да да, ќе играат, сигурно, ако се профи танчерки и пејачки. Треба да ископаат некои што знаат мјузикл да изведат, да играат и да пеат профи. Во позадина гласот на Нешкоска се слуша, значи она ќе биде, за рака со сестра и. и какооо.... да ја слушам Тамара, ама и да е она, нема да биде таму сигурно, ќе ја заменат.
Мислам дека можи пратечки вокали да нема на сцена, од "назад" да пеат, мислам лани со Тамара така беше. А тие на сцена само да играат.
И да се скриени се смета дека се на сцена, не смее да ја изведат песната повеќе од 6 луѓе. Знаеш колку е моќно некој мини хор да извади во дел од песна, 1000 пати до сега некој ќе го направел тоа да смеело.