Засега сме некаде на средина. Ни таму, ни ваму. Сценскиот настап или ќе не спаси или ќе не уништи. Колку луѓе се придружните вокали? Според мене најдобро е тие да бидат позади сцена, а Васил да танцува со некој/а на сцена. Или барем да има двајца кои танцуваат. Искрено се надевам нема да упропастат се. А и идејата на @RedRevolution е прекрасна. Ајде ќе смислат нешто добро.
Како да ме чујат само... Ако не ние годинава со ваков клаберски хит, некој друг догодина ќе го направи ова. Мора да се користат оригинални идеи. Како да допреме до нив само не знам.
Моментално има луѓе поврзани со Евровизија на Stisny Play на МРТ, рекоа сценскиот настап ќе е топ, најверојатно 5 женски вокали со него, песната целокупно ќе добие смисла на сцена и ќе звучи и изгледа многу подобро од снимената верзија, моментално се работело на сценскиот настап.
Исто заборавив, не сакале многу да откриваат преку видеото што ќе се случува на сцената, затоа баш било такво какво што и' е.
Инаку, сите тројца кои гостуваа (се извинувам им ги заборавив имињата), во секој случај поранешни членови на нашата делегација, се сложија дека ние како нација треба да се совземеме, да го поддржуваме она нашето, свесни беа за негативните коментари и предвидуваат wonderful настап, очекуваат Васил да игра на сцената, никако гол и предвидуват добар пласман.
Идеата ти е супер, ама мислам дека ќе го упропастат сценскиот настап исто како во 2014 и 2018 (иако бевме фаворити), кај нас придружните вокали секогаш се на сцената (со исклучок на лани).
Нема да го упропастат, не го работат од МРТ, туку двете швеѓанки што всушност го работеа настапот за Proud и целиот овогодинашен Melfest.
Двете швеѓанки не можат да измислат топла вода, за сценски настап треба пари. Не е само дека ќе игра некој. Каде се ЛЕД екрани, пиротехника, ефекти од камера и сл. Треба да си вложат дополнителни пари ако сакаме добар настап.
Точно @tamche995 потполно се согласувам! Ми текна дека никој до сега не направил настап со холограм на пример, а стварно не е научна фантастика. Нека смислат и нешто уште подобро немам против. @Ahoy ставрно не верувам дека којзнае што ќе биде настапот со 5 придружни вокали кои ќе се шетаат на сцената, песната е толку добар клаберски хит, кој стварно заслужува ефекти на сцената, поддржани од нова и модерна технологија за да биде баш WOW. Ахој кое е тоа интервју, на МТВ имало нешто? Да си вратам да гледам. Едит: да не пишувам нова порака, морам вака. Ахој сите демек им веруваме на швеѓанките, ама па на Тамара не беше ништо ново ниту посебно тоа со огледалата, а и за среќа песната не бараше баш и ништо посебно. Оваа бара многу, ама многу повеќе.
Да, Stisny Play на МРТ 1, во 18:20 беше. Инаку мислам дека за Тамара беше баш и тоа што требаше да е, а други при њри се Шведска 2017, 2016 и 2014. Штом Шведска ги одбирала нив, мислам треба да им веруваме. Инаку да, пиши му на Васил на Инстаграм, враќа на секоја порака, дури и на МРТ ако најдеш мејл.
А добро, немаат ли спонзори бе? Или не смеат да имаат? Па еден појак спонзор може да им го покрие цел сценски настап.
Апсолутно може да имаат спонзори. Има такви примери, има и примери каде државата директно спонзорирала Евровизија затоа што телевизијата немала доволно пари. А кој е тој што ќе сака да ги спонзорира, повеќе од пола држава сака да не учествуваме, ние спонзори бараме. @staycalm аман не ме потресувај човеку. НЕ ПРИФАЌАМ, НЕ МО ЖЕ! Русија уште песна нема, ептен се го*нари значи.
Ги читаат они форумиве, пратат, прочитале сигурно, ако сакаат и можат ќе применат. Тамара и моќта на песната сами си го направија настапот, немше потреба од ништо спектакуларно, овде навистина има потреба да се вложи.
Од ова полуфинале реално многу квалитетни песни ќе се изгубат за жал, ама ние по традиција мора во такво полуфинале да сме.
Мислам дека Австеалија и Израел можат да бидаш shock NQ, а можеби и Украина, а ние или Ирска или Белгија shock Q.
Ма каква Србија. Не е ни меѓу фаворитите. Не верувам дека жирито ќе ја гласа. Бугарија на прво место во кладилнициве.