Ја слушнав песната катастрофа е. Ама ме чуди каква е поврзаноста на Санремо фестивалот и изборот на песна за евросонг во Италија? Кога бираат Италијаните песна?
Не ми се допаѓа исто. Во сабота ќе дознаеме и за Норвешка, Литванија и Ерменија, а во недела Франција ја објавува песната.
Досадни се Албанците, секоја година истата испробана формула. Моќна балада (која не е нешто за паметење), симпатичен женски вокал... којзнае по кој пат.
Васил ќе ја пее песната со наслов „YOU“, напишана од Невенка и Калина Нешкоски. Оваа Невенка тежок патриот беше, па и хомофоб, сега за северџан и педер пишува песна. И да, за жал можно е да биде некоја досадна патриотска фолк песна. Разочаран сум од изборот на Васил, покрај толку поталентирани и докажани македонци.
Баш ми е жал што Дарко Димитров, Коста, Лазар, Роберт не се во тимот... се надевам дека песната е добра, сепак верувам дека нема да разочараат после успехот од 2019... А и оваа Невена имала победено на USA Songwriting Competition, песната ја истакнувала моќноста на гласот на Васил. Да се надеваме на најдобро...
Aма не се лоши девојкиве, нив па ептен прв пат ги гледам и слушам за нив во животов, ми се свиѓаат. Имаат песни на романски гледам, да не се пола Романки? Ништо не знам за нив ама ептен ми се симпатични. Уф леле се надевам дека е добро песничето, не мора да е победничка мелодија, нека биде добар евровизиски хит само и влез во финале сакам.
Ај да стоиме понастрана од предрасуди на форумов, не можам да ги сварам изразите како ‘‘северџан‘‘, ‘‘педер‘‘... Може е добра песничката, веројатно гледале да е нешто што му одговара на гласовните способности, не знам, се надевам. Веројатно е нешто весело, мене девојчињава ми се супер, сега дознав за нив, ептен ми се симпатични. Тоа што чув од нив е весело, пушти нешто од тоа што не ти се . допаѓа од нив, баш сакам да слушнам.
Кои предрасуди, користам фрази што често патриотите ги користат "северџани и педери". За Васил немам ништо лошо да кажам, геј е типот и си го живее животот, кур го боли кој што ќе каже, за оваа лицемерната Невенка зборам што сите работи што ги пропагира ги заборава за да лапне добра пара! Во секој случај, се надевам дека Васил избрал нешто квалитетно и модерно, или некоја модерна фолк варијанта, па да се деси и победа годинава
Не, не, не ни мислам на твои предрасуди, мислам на било чии, да не се дискутира за тоа ми беше зборот, воопшто. Да се фокусираме на темата и да си го поддржиме претставникот. И јас се надевам, едвај ја чекам, мислам ќе биде весела, да влеземе во финале е доволно, не треба да победиме, тоа денес со 40 и кусур земји е успех, а меѓу првите 10! Ехеее тоа се смета за мини победа.
Најлоши ми се микс од англиски и друг јазик, повеќе би сакала да е на македонски, ама штом е ''You'', нека е цела на англиски, според мене подобро така. Мешаните песни стално ми се како демек, песнава е на наш јазик ама еве ви барем малку превод за да разберете за што пееме. Убава песна е убава песна, на кој сака јазик нека е.