Еднаш промашија финале. Кога ќе размислам подобро...повеќето песни се бетер од нашата. Дури и таа на Израел. Ама они гарант ќе влезат. Плус Литванија, Норвешка, Шведска. За Австралија и да не правиме муабет. Понатаму....Азербејџан и Русија. Така што остануваат уште 3 слободни места. Ако влезат Украина и Романија, останува само едно слободно место. Само добар настап ќе не спаси.
Чекај малку, која е песна на Русија, само јас ли не им ја знам? Само 20 секунди има од песната наЈутуб и ужасна е. Колку знам уште не е излезена
И да не е излезена веќе се лобира за влез во финале. Намерно ги пишав Украина и Романија. За Украина имам претчувство дека ќе влезе, а Романија ми е нешто на пониско ниво од нашата.
Не знам кога нашиве ќе почнат да ги поддржуваат нашите претставници веќе, се лобира нормално, секој за себе, ама си ги поддржуваат своите бе, кај нас ќе ги испозаколат да можат. Песната на Русија од тоа што чув е како некоја шала, тролање некое.
Епа нашите ќе ги подржуваат ама прво амбулатни возила да се купат дека вака парите на глупости ги трошиме
Убаво кажав јас дека ни требаат спонзори. Ако сакаме јак настап треба да дадеме паричка повеќе. А не да одиме на Евровизија со толку мал буџет.
Никој. Едит: Еве јас им се нудам бесплатно сценски настап да им изрежирам. Толку можам. Па реално, што ќе фрлат 30.000 евра за швеѓанките, вака за ефекти ќе ги дадеме.
Инаку добра ти е идејата од претходно со холограмот сериозно пиши му на инстаграм ако сакаш прати му и скриншоти од тука дека и на фановите им се допаѓа идејата. Затоа што навистина ќе биде нешто ново и уникатно
@smile:) убаво ме изнасмеа, они па мене ќе ме слушаат, си имаат веќе швеѓанки платено,. Како идеја секако е одлично, глава сечам дека веќе догодина некој ќе го изведе тоа, а зошто не ние први. Може и да им пуштиме СШ од муабетиве ако сакате, па нека си читкаат.
Знаеш дека всушност имаше некој со холограм на Евровизија? Леле до утре ќе ми текне веројатно која песна беше, па ќе ви пишам. 99% сум сигурна. Едит: ќе си го прашаш гугле и ќе ти помогне. Само што ова е Холограф а не Холограм