Оваа песна ми беше апла досадна и на крај заврши на 10то место. Нема правила на Евровизија. За Србија се согласувам дека ќе добие гласови од телевоутинг. Ме потсетуваат пејачките на Gina G (1996та, Велика Британија) во стилот на играње. Таа песна е далеку подобра од нивната. Во финале влегуваат. Исто и Бугарија и Исланд. Фаворити се овие две за победа. Ја преслушав неколку пати песната на Бугарија ама не ја бива. Не е за мој вкус. И Швајцарија високо котира. Лоши песни во ова полуфинале. Да ги преслушам пак останатите па да дадам мислење кои останати би влегле во финале.
islusav uste 2-3 pesni sega .. pokraj mojot favorit spanija .. dobra e i litvanija i patem nz sto gledatedobro vo srpskata turbo folk katastrofa ..uzasni se ni u finale ne ke vlezat isto ko nasata ...azerbejdzan ito ic ne se dobri i onaa sto zaviva zaboraviv od kade bese ..uzas a da malta dobra e
Не мора да имаш музички слух за да не ти се допадне евровизиска песна. Ако беше така, натпреваров ќе го оценуваа само музичари, а не сите луѓе што го гледаат. Не е тоа целта на евровизијата. Едноставно може да не ти се допаѓа и не мора да се бара особена причина, па дали е квалитетна или не. Евровизијата е наменета за широка маса, не само за лица со музичко образование. Ако сакале таков натпревар немаше да има гласање од 'обични' луѓе.
Едноставно не им верувам дека ќе направат спектакуларен настап. Нова верзија која не е пуштена во етер претходно и прв пат таму да ја изведат е нешто најлошо што можат да направат. Плус голема грешка направија со тизерот, навистина лош маркетинг. Но сигурна сум дека ним, слушајќи ја песната веќе 2 месеци, секојдневно, тоа не им се чинело баш така, но за нас кои прв пат слушнавме тизер од песната и потоа песната каде тизерот е највпечатлив едниствено пред почетокот, а потоа песната ни даде сосема една друга слика, беше помалку или повеќе разочарувачки. Се прашувам дали немаа време, сега дека веќе помина рокот, па нешто на сцена ќе изведуваат да подобрат, а тоа ако веќе публиката не го чула може од прво слушање да и ја расипе и таа импресија за песната што веќе ја има. Стварно изгледа дека овде се работи за изгубено време, е затоа треба порано да ја пуштаат песната, јануари ако треба, да имаат време да надоградат и да ја послушаат публиката, мене песната ми е супер вака како што е, ама знаеме дека на публиката и фали погласна кулминација во песната, кулминацијата е претивка за да ги задоволи стандардите на пошироката евровизиска публика. Ова е мој заклучок, а не мислење.
Морам да се сложам, така е. Гласа и ќоро и глуво, натпревар е во прашање, ако се натпреваруваш ќе се трудиш да ги задоволиш стандардите на публиката, и тоа не мора по секоја цена да биде неквалитетна тралалајка, секако е можно да се направи композиција каде квалитетот на песната и квантитетот како резултат не мора да се спротивставуваат.
Ама тоа е целта на евровизијата. Збирање пари од публика. Да им беше целта да се оценувани од музички лица, немаше да има гласање од публика. А кога веќе има гласање од публика, нема што да се коментира дека мораш да имаш музичко образование за да ти се допаѓа или не ти се допаѓа. А ова го знаат и пејачите кои настапуваат па се обидуваат да ја прилагодат својата песна на желбите од публиката, песната да има певлив ритам, не некој текст со зборови што никој не ги знае така да добро знаат они што прават
Половина поени се од жири и половина од публика. 50-50. Значи како што реков, натпревар е, тогаш, треба да се натпреваруваме. Мора да е квалитетно но мора и да ги исполнува стандардите на публиката. Не смееме да сметаме на половината поени, дали од жири, дали од публика.
Не знам за вас, јас буквално сум ,,заразена'' со нашава песна. Еве изјавувам, според мене подобра песна не сме имале, од почетокот на нашето учество на Евровизија. Ја слушам денеска веќе не знам по кој пат. За хемијата помеѓу шанкерот во видеото и Васил, ја забележав и јас. Убаво ќе беше да танцува со него Бугарската песна е исто многу убава. Они скоро секогаш праќале добри песни. Штета што паузираа едно време.
Јас не го слушнав тизерот и немав никакви очекувања, а пак не ми се допадна. Иначе, не може многу да сменат. Да скратат или да додадат од веќе слушнатово. Не сакам да бидам песимист, ама јас не се надевам на добар настап. Сигурно треба огромен буџет за нешто солидно, не верувам секоја година да се толку некреативни нашите организатори, а ако се, еве нека ја земат идејата на РедРеволушн. Би сакал да влеземе, ама не верувам со оглед на тоа што песните на Јана и АјКју речиси и да немаа негативни коментари до настапот. Годинава треба премногу да се потрудат околу визуелниот дел.
Не знам кој одлучува ама колку ќе беше подобро наместо евровизија да се пренаменат парите за справување со вирусов. Зарем е битна сега евровизијата
Јана и Ај Кју утнаа со настапот. Овие вторите и со пеењето. А беа фаворити за влез во финале. Имаше доста позитивни коментари до пред нивниот настап. @Mantub битно ќе се прошетаат на сметка на државата.
Ај сега пак со пренаменување на парите. Во колку постви треба да објаснам дека тие пари не се пари кои може да се пренаменат во здравство. Тоа е задача на собранието кога одлучува за буџет. Треба да се даде повеќе на здравството а можеби помалку на телевизијата, спортот итн... Тоа не е нешто што МТВ треба, а ниту може, да го прави.
На сметка на МРТВ, а не на државата. Тоа се пари на МРТВ, не е важно по кој пат доаѓаат, дали од претплата или од држава.
Може да се пренаменат за други потреби, како што направија Унгарија и Турција. А дека ќе имаме добар настап...тешка работа. Песимист сум годинава.
За што ги пренамениле? Буџетот на телевизијата може да се пренаменува за потеби на телевизијата, а не во други министерства.
Не зборам за министерства. Промоција на нивната музика. А не како кај нас. Само 5-6 пејачи останати. Ни требала Евровизија. А за што? За мајтап да си тераат.
Како што постојат спортски натпревари и првенства, така и музички. Зошто не се буните за вложување во спортот? Не може сите спортисти да бидат а ниту сите пејачи. Така, не може сите да се љубители на спорт и сите на музика. И едното и другото служат за забава на публиката, а натпревар помеѓу стручните, секој во својата професија.
И во спорт нека се вложи. Ама Евровизијава е тотално непотребна. Гледам дека и Луксембург одбиваат да идат на Евровизија.