Кога се пријавуваа државите, тоа беше до некој Октомври 2019г., ни трага ни глас имаше од Корона. А до мај, спомен ќе му нема, па на зима 2020 повторно ќе си дојде. ТОА Е ЧИСТА ПАНИКА И МЕДИУМИТЕ ЈА ШИРАТ ИСТАТА.
@Mantub чекај малку, а каде се големите Алкалоид, Пивара, Зегин, Еурофарм, каде се да помогнт со справување со коронава, да купат по едно макар амбулантно возило, па тие се бегови во државава, 99% од богатството на цела ЦЕЛА држава е кај нив, нешто да донираат на пример. Знаеш ти Алкалоид дека вози кола која чини 6 амбулантни возила или три (по мак стандард) Евровизии? До кога ќе ги гребеме трошките ние обичните смртници за се?
Јас премногу би сакал кај нас да се оддржува и национално финале, како што беше SkopjeFest, или едноставно нека одберат некој фестивал од веќе постоечките каде победникот, ако сака, ќе може да оди на Евровизија, како Sanremo во Италија.
Алкалоид и Зегин и Пивара итн немаат обврска да го спасуваат газот на народот пошо се приватни компании. Ако сакаат да донираат од добра воља ќе донираат, а тоа каква кола ќе возат реално тебе не треба да ти биде гајле. Тебе треба да ти биде гајле каде државата ти ги троши парите пошо тоа се твои пари, а не парите од Зегин. Не купувај од Зегин ако мислиш дека скапи коли возат.
Па нема ни МРТВ! И тоа како треба да ни е гајле на сите, не може некој да нема леб да јаде во државата а системот да е направен богатите да се дообогатуваат постојано на сметка на сиромаштијата која се повеќе тоне, Неммој ти се молам, тоа е егоизам, преку лешеви газат, повеќето порано беа државни фирми чии тогашни директори се збогатија преку ноќ со поклонети фабрики, почетокот на суровиот капитализам. За денес тие директори и нивните наследници да ни се серат и да не осиромашуваат дополнително а они да се возат во по 6 амбулантни возила и да имаат имот што на обичниот човек му требаат 10 животи да го заработи.
Годинава ќе има "Златен Тепих" или како што подобро звучи на Англиски "Gold Carpet" како Opening Ceremony.
Дечки ова ептен страшно станува, прогласија пандемија. Кој што, мене страв ми е да не откажат Евровизија или да не се оддржи без публика, ептен awkward ќе биде. Мислев дека на топло умира вирусов ама еве во Катар 200+ нови случаи во 1 ден а температурите биле 26-27°C... Дајбоже се да е во најдобар ред.
Уште ќењате за неучество на Евровизија и зошто Тамара зела 7 место?? Туку, кај да ја слушнам руската песна?
Вечер ќе ја објават, само ја имаа објавено неофицијално на Твитер фанови. Како за во детски цртан филм.
Леле преинтересна ми е. Скроз ко од овие модерните цртани филмови, или реклами за некои слатки Ама Соња од бендот Little Big рекла дека не е оваа песната со која ќе учествуваат на евровизија