Годинава ептен ми се допаѓа што има повеќе можни победници, не е како лани сигурно Холандија или 2018 Израел или Кипар. Годинава ѓи има 5-6 можни победници засега, после пробите друга приказна ќе биде.
Little Big се доста познат бенд во Русија. Лани имаа огромен успех и надвор од Европа, така да, ништо чудно по гласови од публика, тие да се победници.
Не знам колку познат бенд се овие од Русија, ама, не се сеќавам поужасна песна од оваа пратена од нив. За мене е катастрофа. Инаку, во глава ми влезе песната на Белгија. Знам дека нема големи шанси за висок пласман, а не пак за победа. Ама мене ми стана омилена.
Не за нешто друго, ама да не си помисли дека е мајтап ако му пишеш анонимно... Онака, рандом профил да ти пишува за холограми и слично, што знам, можеби би помислила дека е трол да сум на негово место
Патем, сум се пресмеала со руската песна, освен uno, dos, tres, cuatro, cinco, seis, ништо друго не слушнав Ми се допаднаа, можеби дека сум анти-балада расположена, а и не барам песна со којзнае каква философија за на Евровизија, и онака таквите не се толку mainstream низ светот, т.е. не се познати (со исклучок на музичарите од минатиот век)... Пред 2-3 дена ги превртив песните што беа објавени, ама најголем впечаток ми остави Литванија .
Русија со 26 милиони прегледи за 3 дена. Верувам дека ќе ја спуштат Нета на второ место со најгледано видео од каналот на Евровизија. Иначе песната е прелоша, ама ете.
Сме паднале на 30 место во обложувалниците.. Иначе, не знам оти толку хејт кон Русија? Баш е catchy песната. Забавна, лабава, за разонода. Мене многу ме нервираат фановите на Литл Биг. Секое видео го спамаат со коментари за Уно. У реду е, досадни сте.