Евровизија стана политички натпревар со воведувањето на жирито. Лани од публиката победи Норвешка со 291 поен ама жирито ја спушти ниско,16-17 место,со оглед на тоа дека жирито гласа ден порано,на последната проба,се случило некои технички проблеми и поради тоа Норвешка барале да се повтори настапот но од ебу не одобриле. Се случувало мн земји да се во топ 5-10 од публиката а од жирито последно место,пример Полска во 2016 последно место од жири а од публика топ 5 и Украина 2018 од публика 7-8 место,а од жири последно. Некаде на форумов прочитав дека Сан Марино лани се пласирал во финале со ужас песна,тоа е точно.Сан Марино имаше повеќе поени од публиката од нас,но логички е дека за него гласаше турската дијаспора бидејќи беше Турчин, од македонскиот телевотинг, Сан Марино беше трето место и доби 8 поени. Мн непрофесионалност има во тоа жири. Азеребејџан и Ерменија меѓусебе секоја година и во полуфинале и во финале се рангираат на последно место поради конфликтот. Оваа година од публиката ќе добиеше Русија а од жирито Шведска ( секогаш фаворизираната земја на жирито. Интересен податок имаше на една руска страна,естонскиот претставник што требаше да ја претставува Естонија оваа година, лани бил член во жирито и ја рангирал Русија на прво место,поради тоа што бил учесник во рускиот the voice, а бил во тимот на Ани Лорак ( ја претставуваше Украина во 2008, а пак Ани Лорак е најдобра пријателка на ланскиот руски претставник, и тука мн пријателски поени и угрирања хахха. 2016 за мене беше најполитичка евровизија. Што се однесува до оваа година, ова се моите поени: 1- Германија 2- Грција 3 - Норвешка 4 - Исланд 5 - Хрватска 6 - Албанија 7- Украина 8 - Естонија 10 - Русија 12 - Кипар ај кју во 2018 не ни беа приближно до фаворити,а камоли за финале,ни соседите не гласаа за нас, вкупно 6 поени имаа ( 1 од. Хрватска и 5 од Бугарија од публиката, а Јана барем имаше солидни поени. Калиопи беше 8 место во полуфиналето од публиката пред 4 год. ама жирито ја "сахрани". Се сеќавам во 2015 и 2016 кога руската делегација реагираше кај ебу бидејќи жирито од Литванија во тие две години ја рангираше Русија на последно место поради негодувањата со Путин. Шведското жири 2016 додели високи поени на земји кои имаа шведски композитори,вокали и се останато. Би се пишувало до јуни хаххаха за тоа професионално жири. Црна Гора и Малта во 2016 си се договорија за поените бесплатен одмор за делегацијата на Montenegro во Малта,и на крај 12 поени од Црна Гота за Малта https://wiwibloggs.com/2016/05/17/sweden-eurovision-jury-accused-nepotism-azerbaijan-malta-votes/
Јас сакам да ве поздравам сите овде, компјутерот не ми чинеше пак, а и ме фати некое карантинско депре и ништо не ми се прави, само сакам да заврши ова. Ве сакам сите и ми фали предкарантинското расположение.
Ех, денес ќе имаше многу критики, пофалби, радување ако некако се пласиравме во финале и слично, ама, ќе почекаме уште 12 месеци...
Да, ама барем еве денес да му оддадеме почит на настанот кој не радуваше сите тука, како така, барем најдоа начин да не занимаваат на овој ден.
Да те надополнам. Азербејџан и Ерменија само еднаш си имаат доделено поени - во 2009 година. Оттогаш па наваму секогаш без поени. Ги имам гледано табелите како гласала секоја држава. Азербејџан секогаш ја ставаат Ерменија на последно место. И обратно. Апла политика.
Го изгледав вчера шоуто. Пред се' морам да кажам дека многу ми се допаѓа темата/насловот, Europe Shine A Light. Навистина музиката е најсветлото, најоптимистичко и исполнувачко нешто во моментов, а и секогаш била. Ми се допадна што имаа вклучено претставници од минатите години. Одлични настапи на истите, особено на Холанѓанецот и Марија. Спотот пренесува одлична порака, а заедно со моќниот глас на Марија ме наежи. Е тоа е вистинска евровизиска песна, мелодија која и после цели тринаесет години ќе ти разбуди емоции. Што се однесува до овогодинешните песни, ги немав ислушано ниту една (освен нашата). Вака убав општ впечаток од 15-секундните видеа ми оставија Италија, Шведска, Австрија, Холандија, нашата и можеби уште една-две ако имаше. Претставничката на Украина е доста напорна во пеењето и не ми се допадна. Ирска некако детска песна. Србија исто тука некаде, ме потсеќаат на XXL кога ги пративме ние. Литванија имаат добра музика, ама пеењето не им е најсилна страна. Претставничките на Романија и Бугарија по стилот на пеење многу ме потсетуваат на Били Ајлиш, а особено таа од Романија (дури и по изгледот). Воопшто не сакам имитирање, па затоа не мислам дека треба да имаат некој добар пласман идната година. Франција човекот има многу секси глас, а и на изглед не е лош. Ама не може со Италијанецот. Јас толку кјутнес кај еден човек оддамна немам забележано. Од начин на зборување, насмевката, пеењето (особено ме воодушеви со акустичната изведба на Volare од Domenico). Златно човече се гледа. Од девојките убави ми се Гркинката и девојката од Данска. И одличен завршеток беше заедничката изведба на Love Shine А Light. Се' на се', многу ми се допадна како беше организирано. Секоја чест.
На еден сајт имаше дека во 2009 или 2010 полицијата во Азеребејџан ги уапсила сите што испраќале смс гласови за Ерменија
Во 2009та беше тоа. Отвори на Википедија. Се е детално објаснето. Демек тие што гласале за Ерменија биле непријатели на Азербејџан.