Сериозно? Како што знам вокалните квалитети не зависат од тоа дали некој е геј или не.. Махмуд од Италија е геј, минатата година освои 2ро место, според мене тој заслужи да победи. Јбг, Евровизија.. 21 век сме, треба да престанеме со вакви предрасуди, сите сме луѓе, без разлика дали некој е геј или не!
Не го мислеше тоа тој, туку само потенцираше дека е ироночно што Невенка му компонирала песна на некој ко Васил, имајќи ја предвид нејзината историја. Инаку, според ова што го пишува, дека песната била за истакнување на вокалните способности, очекувам да биде балада, што не ми се допаѓа. Мислам дека Васил треба да има жива и енергетична појава, балада нема да упали секој пат.
И јас исто, се надевам. Знаеш, тоа пола мк пола ан, ми е како ‘‘очајно се трудиме да ви се допаднеме, еве малку и вие да разберете‘‘. Леле Ерменија ужасна е хахахаха, ама добро е добро е, добро за нас. So far so good за нас. До сега нема нешто баш добро излезено.
Ете, може и Скопје. Ако не во Универзална, може на плоштад или во Борис Трајковски. Се се може ако се сака.
Од овие неколку што излегле до сега ништо не ми се свиѓа. Албанија предосадно, веќе видено. Литванецов е иритантен песнава е генерична некако, два пати ја ислушав и веќе ми здосади. Норвешка просек, ништо посебно. Ерменија звучи ко 2000 mtv hits Бритни Спирс од али експрес. Австралија не е лоша, ама некако не ми влага во уво, не е впечатлива песната, како и секоја година на добар настап се вадат австралијциве, ќе видиме што акробации ќе спремат. Само овие се излезени досега, така?
Eј баш ги слушнав сите на Литванија и оваа ми беше фаворит. Од Норвешка не се плашам, мене не ми е ништо посебно, не ми го задржува вниманието ни минута ипол. @Компир Манџа зошто кај нас хахахах, зошто никогаш нема да победиме а имаме големо малцинство таму хахахаха?
+Латвија, Шпанија, Италија, Чешка. Утре излегува песната на Франција, премиерно ос Ајфеловата Кула, а задутре на Белгија.
До сега само песната на Шпанија ми се допаѓа. Ок ми е и песната на Албанија. Последниве три што победија денес се ужасни.
ОМИЛЕНАТА И ОВАА ОМИЛЕНАТААА не бев дома да ги гледам финалињата вечерва, ептен ми е криво, сеа ќе фатам све ќе изгледам, ама ептен сум среќен што ми победоа фаворитите од Норвешка и Литванија ❤❤❤
Го гледав само норвешкото, во последниот дуел останаа Kristin Husøy со Pray for me и Ulrikke со Attention. Скоро целото гласање водеше Кристин, со разлика од околу 100000 гласа оред да се објават последните гласови, од кој Ulrikke доби 102000 гласови чинам, и победи.
Мал sneak peak од песната на Франција "The Best In Me", која ќе биде објавена вечер во 20:50 од Ајфеловата Кула.: https://music.apple.com/nz/album/th...020-single/1498496655?app=itunes&ign-mpt=uo=4