Еве пренос во живо, песната на Франција. Ова пак и некако, некако беше добро вклопено иако не сакам мешање јазици, ртко и знае да звучи добро, инаку меѓу омилените ми беше во 2016та. @Ahoy
На ESC United форумот, фановиве многу се строги бе, што е ова, јас мислев балканциве се полни со предрасуди, ама не сме биле само ние балканците (генерално зборувам), Песнава на Франција баш ми е убава, само имам примедба за миксот со јазиците, што пак, не ја прави лоша песната. Овие на форумов ESC United, ја нападнаа ко да е најгрдото нешто што се пратило на Евровизија, коа ќе речат за песна дека е "outdated" ми се темни, аман се ли мора да е нешто нечуено, најново, прво, ако не е, одма ли не е добро.. Мене за сега ‘‘The Roop" - "On fire" ми е највисоко на листата. Браво за Литванците.
Фантастично претставување имаа, Том пееше во живо од Ајфеловата, браво! Инаку, песната за мој вкус не е лоша, но не е нешто посебно, јас на Твитер ги пратам фановиве, буквално сите ја хејтаат песнава... сега едвај чекаат утре на Hooverphonic да ја објават песната за Белгија, ќе се вика XXXXXXX XX. Мој фаворити засега се Норвежаните. Се надевам дека ние ќе имаме нешто сспектакуларно.
Инаку John Lundvik (Шведска 2019) е ко-автор на песнава, а исто така беше ко-автор на неговата и на Велика Британија лани.
Јас и куп други луѓе си се изначекавме на Јутуб, ни П ос песна не чувме хахахахах, сите се прашуваа што се деси. Ајде веројатно за кратко ќе има на Јутуб видео од настанот. До сега можеби ниту една не е нешто посебно, што ми дава надеж за нас, но сепак, ако сите се ништо посебно пак значи дека ќе биде тешко да се помине.
Не е лоша на Белгија, се надевав дека барем од нив ќе слушнам на француски, ама ништо. Убава песна, малку монотона, филмска, убава е, не дека не е, но не знам баш како ќе помине на ЕСЦ.
Се очекуваше многу повеќе од Hooverphonic. Мене песната не ми е ништо посебно, засега на 10/11 место кај мене.
Баш Hooverphonic ги чекав за да ја почнам евровизиската „сезона“ Тоа е нивниот типичен стил, убава балада, мелодијата ми има дури малку бондовска жичка. Се надевам ќе имаат ефектен настап, иначе ги сакам и ми се допаѓа песната, ама не верувам баш дека ќе блесне во евровизискава конкуренција...
Мислам дека допрва не очекуваат изненадувања, до сега нема победничка мелодија, ниту една песна го нема тоа нешто што го има тоа нешто што може да се натпреварува за првите 5-10 места (освен можеби The Roop - On Fire, нормално за мој вкус). Јас сум малку пристрасна кога се работи за нашите претставници, сакам добар пласман, сакам да се радуваме, ама пак, знам кога е баш добро, а кога просечно и кога лошо, зборувам генерално. Сепак, сепак се надевам и имам ептен позитивно чувство за песната на Васил дека ќе ми се допадне.
Остави на нас, На Европа нека и' се допадне . Инаку да, мислам дека знае што прави дечкото. П. С. Да не се лажеме, Норвешката има потенцијал.
И јас мислам дека знае што прави а и девојките Нешкоски исто така. Норвешката мене не ме фасцинира искрено, веројатно вкусови се во прашање, добра е песната, ама не ми е нешто што би си го пуштила да го слушам, иако три пати до сега си ја пуштив мислејќи дека ќе ја засакам, ама не ми оди.