Читам дека Италија е фаворит. Баш покасно ќе ја слушнам песната. Годинава покасно ги објавуваат песните.
Ниедна песна не ми се допаѓа, а и лани беа многу лоши песните за мој вкус. Додуша последниве години песните на Евровизија се средно жалосни. По една до максимум три од сите да ми биле убави и да сум си ги слушала некое време. Мислам го нема тој Евровизиски вајб ко порано. Ми фали енергија ко на Lordi, Ruslana... Сега никој веќе и не ни збори за ова, ниту се гледа баш Евровизија. Кога ќе ми текне порано колку ја чекавме, песни колку преслушувавме, а сега сите се ко "кој гледа веќе тоа"... Ај, уште сите песни не се излезени, може ќе си најдам некоја убава, па ќе ме натера да гледам.
Од 2016та па навака им се одмили Евровизија на луѓево. Тогаш беше апла политика. А за песни се согласувам со тебе. Последниве 5 години слабо.
Јас стварно не знам кому Италја му е фаворит. И по странскиве форуми никому не му е фаворит, ама тоа всушност е моќта лобирањето, ако мнозинството цело време ја форсира и вика дека е најдобра, многу од луѓето и навистина ќе ја засакаат, психологија. Мене ми е многу хистерична на пример, само викање, викање и викање, апсолутно ништо посебно.
Не ја слушнав песната. Имам некое претчувство дека Италија ќе победи годинава. Или наредната. Ако памтиш....им ја украдоа победата во 2015та. Најголем грабеж во историјата на Евровизија.
Aко има барем малку фер во гласањето на жирито и публиката, а мислам дека има, за публиката не сум баш сигурна бидејќи мислам дека се води од љубов кон одредена држава и гласови од дијаспора. Италја нема никакви шанси ни за меѓу првите 10. Треба ептен да сакаат да им ја подарат победата, што реално до сега не се десило. Се десило да подари жирито победа, ама ако стварно е нешто што има потенцијал, оваа песна баш и го нема. @CameliaMiller во првата недела од март ќе ја слушнеме нашата. До сега околу 10ти март сме ги промовирале песните, и годинава очекувам исто, може некој ден порано, малку порано е закажана и Евровизијата за разлика од претходните години. Инаку мислам дека средината на февруари е идеaлно за пуштање песна во етер, заради тоа што има таман време да собере доволно симпатии, на пример песната на Албанија не е ништо посебно, не дека е лоша, ама имаше доволно време да им легне на слушателите и веќе е сакана, иако на почетокот и не беше. После 10ти март ми се чини дека е касно, ама они си знаат.
Мене па баш ми се допаѓаат песниве (не сите) и веќе ги слушам . Уууух колку сакам да го повториме ланскиот успех, дури и подобро, или барем да се радуваме на влез во финале.
И јас викам, барем влез во финале, малку ни е страшничка конкуренцијата во полуфиналето, ама мислам дека со добра песна и изведба, можеме.
Eвровизија е од самиот почеток политичка игра. Земјите си договараат гласови. Ние и да влеземе во финале,нема да победиме.
Па и не беше толку лош сценскиот настап на Јана, одговараше на песната. Стварно не знам како не влезе, одлична беше девојката. Што се однесува до ‘‘Нинанајна‘‘ за мој вкус е... , тогаш уште немаше полуфиналиња, јас таа песна ни во финале не би ја пуштила искрено, исто така и на покоен Тоше песната, кутриот не заслужи да го пее тоа ср*ње. @nextredstyle ќе победиме кога ќе имаме најдобра песна, зошто да не. До сега, освен лани, не сме ни имале. Од жири бевме победници. Ни треба повеќе лобирање и пред се повторно прифаќање на фестивалот и поддршка на нашите претставници од страна на нашите сограѓани, кога омразата ќе се замени со поддршка и другите поинаку ќе не гледаат и слушаат.
Не знам како може да ви се толку лоши песниве годинава и изминативе години? Мене искрено јаки години ми се и 2020 (засега), 2019, 2018, 2017... Секоја година имало 10тина песни што ми се допаднале многу и сум ги слушал на рипит, дури и некои што не влегоа во финале. Ние не верувам да победиме ни годинава ни наредната, оти прво вложуваме малку пари споредбено со некои други држави, а ретко победува држава со послаб сценски настап. Песната нормално е најважна, и со песни не сме биле најдобри. И ко што кажа Ред погоре, треба повеќе лобирање и прифаќање на фестивалот од нашите сограѓани.