За прво место, треба париии. Како што прочитав некаде, победата е "купена", а оној што вистински бил фаворит всушност е 2ро место. Лани па бевме најдобри, ама вистински. Уште да имаа пари Тамара да оди на Eurovision in Concert пред Евровизијата, pre-parties итн, ќе имавме дури подобар пласман, дека требаше повеќе hype.
Ќе победевме. Пари има ама не се даваат зошто има да ја запалат МТВ лудациве. Дури ми се чини дека и нешто повеќе се дава отколку што е познато во јавноста. Ама ова е моја шпекулација. Сепак мислам дека повеќе од 100.000 евра чини нашето претставување. 36.000 е само уплата за учество, каде е спот, каде е настап, каде се милион ситни а не баш ситни работи.
Eве ви колку на пример потрошила Холандија во 2016. И да се поправам, за нас учеството е 36.000 евра, од поголемите држави ЕБУ зема поголема партиципација значи, во 2016 за Холандија учеството чинело 250.000 евра, па сеа вие видете. Прочитајте го текстов и се ќе ви стане јасно, воедно и зошто нам ни е толку тешко да победиме. https://www.eurovisionary.com/much-eurovision-participation-cost/ ЕДИТ: Еве за работите да станат уште појасни, нашите дури и би требало да се плашат од победа, ќе банкротираме ако треба Евровизија да одржиме. https://www.express.co.uk/news/uk/9...K-pay-cost-song-contest-entry-license-fee-EBU
Тоа е вложена сума за претставникот, не е купена победа во никој случај Плус, ако случајно победиме, одржување на Евровизија со сите модерни стандарди е преголем луксуз за нас.
Текстот е од 2016, се однесува за таа година. Но поентата ми е друга сепак. @staycalm прочитај ги текстовиве, посебно вториот. Важно е колку и е платено на ЕБУ, не и партиципираат сите држави со иста сума, затоа и постојат ‘‘големите пет држави‘‘ што се стално во финале, зошто најмногу трошат за настанот, а да не зборуваме дека излегува дека и во сон не си ги враќаат парите назад, за ќар не ни зборуваме. Ако победиме, настанот нема да биде исклучиво на наш товар, затоа се тука големата петорка и сите учесници, сите ние даваме пари за да се оствари настанот, веројатно за домаќинот таа година е нешто поскапа но во склоп со стандардите.
Нормално и ние да трошиме милиони на Евровизија секоја година, ќе ни дадат едно почесно место во финалето без борба. Мене ме чуди, како тоа стално се во загуба, немаат никогаш ќар а не се трудат да сменат нешто за да биде поевтино, туку секоја година дополнително се модернизира и се поскапо е.
Луѓе, да не се лажеме, овде се работи со големи пари, што сме им ние, капка во морето, со мочани 100.000 евра идеме на Евровизија, и после не било важно само да се учествува, море важно ќе ти е, кога немаш пари, и толку е многу. Колку толку си ја промовираш државата, уметниците, културата, па и тоа е нешто.
https://www.theguardian.com/commentisfree/2010/may/20/eurovision-spending-costs Исто така многу интересно да се прочита. Да не излезе на крај дека никој не сака да победи на Евровизија?
Ако се победи на Евровизија не значи дека државата која победи ќе оддржува наредна. Тоа одлучува самата држава во координација со EBU и во склоп на финансиите. Доколку државата која победила не сака да биде домакин, ќе се избере друга држава. Мислам дека 150 000 € одат на "возраснава" Евровизија и 50 000 € на детската.
И јас мислев дека 150.000 е буџетот за Евровизија, за Џуниор Евровизија мислев посебен буџет има, ама ја слушнав Тамара кога објаснуваше лани после настапот дека всушност 150.000 е вкупен буџет за двете Евровизии, од кои 100.000 за Евр. и 50.000 за Џ.Евр.
Нели? Треба кога ќе намирисаат дека добиле добра песна, кога одбрале добар вокал, некој спонзор да се појави, тоа како што прочитав се случувало со претставници на други земји, да нема телевизијата пари и да ускокнат спонзори, ама кај нас све тоа ќе иде на линч ако се деси.
Убава е помислата да победиме, ама замислете го хаосот во Скопје таа недела кога би се одржувала тука. Еден протест од саат време го ремети целиот град, за ова не сакам ни да помислам. Искрено, годинава сум повозбуден за Евровизија, за разлика од минатите години. Холандија е богата држава, верувам дека организацијата ќе е една од подобрите што ги памтам. Ники Туторијалс како онлајн водител е прејак момент уште од старт и некако ми делува ко многу повеќе да се трудат за разлика од другите претходно. Песните ги немам чуено, сега ќе ги пуштам и ќе пишам што мислам.
Апсолутно се согласувам за хаосот и за Ники Туториалс А најјак момент ќе се цените за престој, кои ќе скокнат за 5 пати од сегашните Мене позитивно ме изненади продукцијата на ланската Евровизија, не очекував да е толку добро.
Мислам дека нема да е нешто продукциски јака година, Холандската влада ако не се лажам одобри мала сума помош, главно трошокот е на националните телевизии.
Покрај едниот голем LED Screen, ќе има и втор, полу-транспарентен LED Screen на сцената, прикажан како на сликата.