Со оглед на тоа што Изборот на песна за Евровизија 2020 е откажан, да се префрлиме на 2021. Засега, неколку држави ѓи потврдија нивните претставници кои ѓи избраа годинава, односно: - Хрватска- Damir Kedžo - Грција- Stefania - Холандија- Jeangu Macrooy - Шпанија- Blas Cantó - Украина- Go- A Додека Шведска и Естониа решија дека ќе избираат нови претставници.
Се надевам доколку биде тој ќе ги послушаат критиките на фановите. Само ме интересира што требаше да се случи со сценскиот настап толку многу го најавуваа
Еве сум и тука, да не се повторувам и трет пат, ама да, ми фалевте. Останува да бидеме умни и да се дружиме овде обидувајќи се да останеме здрави и ведри.
Пошто се ангажирав околу лаптопот и коронава и баш ништо не пратив, за два дена веќе дознав дека е касно. Така што здравје нека одлучат дали ќе е тој следната година наш претставник па СШ ги чувам и ќе му бидат адресирани. Се надевам од срце дека ќе биде тој. Мислам дека и спрема него би било фер.
За среќа, гледам доста држави кои ѓи одбираат годинашните претставници за 2021, што е многу фер. Засега само Шведска и Естонија колку што знам ќе избираат нови. Многу ми е жал што нема да ѓи видам моите фаворити а и другите песни на Евровизиска сцена никогаш, ама од друга страна подобро што ќе се нови песни, ќе имаме нови еуфории, а и реално не ќе беа интересни веќе годинашните за во 2021. Веројатно ќе има некој пренос колку да одбележат, онлајн сигурно. Најбитно е се да помине како што треба, и слоганот во 2021 нека биде "Stronger than Ever". Инаку и ти ептен ни фалеше, се загриживме каде си.
Јас да требаше да настапувам годинава на Евровизија и некој да ми кажеше дека догодина ќе се бира нов претставник, ќе збеснев и ќе тужев. Сите држави кои ќе бираат нови претставници за 2021, ги доживувам ко да ги извисуваат годинешните кандидати. И не се знае дали догодина ќе биде Евровизија во Холандија? Зошто? Ко они да се криви за ситуацијава.
Една од водителките што требаше да ја води годинашната Евровизија, во биографија на Инстаграм има напишано Presenter Eurovision 2021 Rotterdam, така да веројатно ќе биде таму.
Се надевам. Ако не е така ептен "better luck next time" порака ќе испратат. Иначе, сите претставници нови песни ќе снимаат, или?
Каде го пишува тоа правило? Инаку мислам дека треба конечно убава песна да избереме. Немам ништо против Васил, супер е дечкото, ама му треба песна со која што ќе се докаже. Оваа годинава беше доста слаба.
Не баш така. Се прифакаќаат песни објавени после Септември во годината пред да се оддржи Евровизија. На пр., за Евровизија 2021 ќе можат да се натпреваруваат песни објавени по 1 Септември 2020.