Неповикана да се замешам. Но и мене не ми е нешто нај за победа, подобра балда ми е француската. За Васил ги гледав реакциите на стори што ги има ставено за песната од страна на неговите блиски, па останува да се надеваме дека ќе е добра песна, зашто вокалот му е одличен.
Топ 2 тие две, плус Dive into unknown. Ама оваа што ја одбраа најмоќен текст ми имаше некако Едит: Ова е првата песна годинава од избраните што ми даде winner chills
Па во право е. Да се изразам најкултурно, песнава ме инспирира за една физиолошка потреба. Која нека остане тајна
Сан Марино ќе идеме догодина дечки. Ќе бидат најголемото и најдоброто освежување годинава, песната е бетер од хероин заразна Затоа што се премалечки и никогаш не се покажале годинава апсолутно мои фаворити Цел ден you're my adrenalina ми се врти
Ама сте креативни секоја година со коментарите. Песната не е од типот што би ми се допаднале на евровизија, обично ми се допаѓаат енергични и чудни настапи. Ама океј е како за балада, му посакувам среќа на Васил. Се гледа дека многу му значи, се надевам ќе постигне успех.
Мразам да бидам голем песимист и негативец особено кога се работи за Македонија на Евровизија, НО и покрај моите прениски очекувања, пак успеа да ме разочара. Буквално сите претходни песни му се подобри од оваа. Не ми се допаѓа воопшто. Единствено нешто добро во песнава ми е неговиот вокал. Се надевам швеѓанките ќе му смислат некој одличен сценски настап па ќе не спасат од последно место во полуфиналето. Доколку сценскиот настап изгрми, можно е да украде гласови од жирито и да се протне во финале. Генерално, не очекувам финале годинава за нас. И така..
Не ми се допаѓа нашава песна за оваа година... Ланската некако подобра беше. Ќе ја преслуѓам уште 2-3 пати ама се сомневам дека ќе ми се допадне. Со среќа нека му е, сепак, иако и јас не очекувам финале а не па висок пласман.