Уфффф. После не знам колку време победува песна што сакам да победи. Жива вода се сторив на крај. Добро е и правилно вака што има поени и од телевоутинг, оти тоа е реалното уствари, тука се гледа најдоброто, што и допаднало на публиката. А жирито нешто заслужено, нешто пријателски/соседски и врска си немаат поените. Ќе одам да провоцирам сега со коментари по видеана. xD
Ја никогаш до сега не сум се радувала за победници на Евровизија, ама за овие ќе се отпревртаммм Слушнете ги и останатите песни нивни, дечкиве се ВРВ
Ауу каква вечер, сеуште не можам да се соземам. УФФ. Оргазми и стресови не одат заедно. Уфф , нозеве сеуште ми се тресат. @Ahoy наредна година се пријавувам доброволно да тресам гз, цицки, ма се' за МКД само да се дочепам до Италјанскиво мачорче.
Ви напишав пред 2 саати Немав храброст да пуштам некоја стотка на Италија Сепак кладилниците знаат кој ќе победи, пред време.
Италија заслужено, но сепак ќе сакав да бидам следната година во Цирих со македонското знаме. Баш штета за Швајцарија, тука веќе мислеа сите дека се победува. Дечко ми гласаше за Исланд, јас не гласав за никој.
Можеше, Франција да е прва Ај сега сите ќе ме хејтате или ќе ме изигнорирате едноставно, ама јас да си кажам. Италијанската ме здрма да, останува во уво, ама француската е сосема друг Level. Уште еднаш уметноста изгуби од шоуто.