Не верувам да влеземе, НО доколку влеземе ќе биде само од жирито, бидејќи е еден од најдобрите вокали годинава.
Не знам, некако од сите ми се издвојува. Има глас, настапот е во сигурни раце, се надевам Сакам Хрватска да влезе ептен, од нив очекувам да направат Кипар 2018 таму, само со добар сценски
Да му го јадат зад*икот на Васил . Мое мислење е дека жирито ќе ја обожава песнава, а и реакциите на Јутуб се одлични. Песна во стилот на "Queen", кои патем ги обожавам цел живот, а гласот на Васил, се знае, врв! Песнава ја кине со гласишитено бре луѓе! И вие мене ептен! Еве не повторно заедно.
Уф, многу слаба ми е годинава некако до сега, од тоа што имам преслушсно. Лани Литванија ми беше баш фаворит, добар камбек имаат, ама не е тоа што беше лани. Финска и Швајцарија ми се свиѓаат, Франција и коа е лоша сакам да ја слушам, тој францускиот ми најубав јазик на свет, па ради тоа. Лани многу ми се свиѓаше В.Британија, очекувам и годинава добра. Што знам, за сега Васил број 1.
@RedRevolution и јас те чекав ! Нашата песна не е најлошата, но дефинитивно далеку и од најдобрите, но вокалот му е одличен, требаше и минатата година да избереме песна каде вокалот повеќе ќе му дојдеше до израз. Досега најмногу ми се допаднаа Сан Марино, Швајцарија (минатата многу повеќе ми се допадна, но и оваа не е лоша) и песната на Израел. Овде ќе спаѓаше и Monument ама... Генерално, годинава нема многу добри песни. Па ако имаме среќа можеби ќе влеземе пак во финале.
Јас сум малку старомодна во вкусот, па сакам така побогати песни. Не сум фан на модерната музика, иако знае некоја песна рееетко да ми се допадне. Признавам пристрасна сум секогаш кон нашите претставници, но на прва до сега, баш на прво слушање највоодушевена бев од "Proud". А оваа песна ми е исто може толку добра, е стилот е малку чуден, малку како несредена е, ама па тоа ми е баш интересно. Гласот на Васил и "100% те љубам" би ја направил песниште.
Албина е одличен вокал, но искрено не очекувам некој сценски настап бидејќи според претставувањето на the voice не ми е тој тип на девојка што би згрмила со сценски настап. Но, баш би сакала да ме изненади и да ја видам во тоа светло, како што ме изненади со песна што не е балада.
Хелоу и од мене во темава годинава, деновиве ми вртеа секојдневно годинашниве песни за евровизија и чекав онака да ми легнат, да не избрзувам со заклучоци и коментари, па да ви пишам. . Првин да кажам дека јас лично сум презадоволна од нашата песна, од прва некако ме погоди и ми е подобра од ланската во секој можен аспект, а пеењето на Васил врвно, конечно ги покажа способностите на неговиот моќен вокал. Околу сето политизирање се изјаснив во другата тема и овде не би должела. Настрана нашата песна, други фаворити годинава кои ми легнаа (повеќето дури и од прва) ми се: - Бугарија - Франција - Украина - Литванија - Сан Марино. Оваа петка ми е хаос од стилови ама ете сум разнолика во вкусови и ако песна ми легне не ми е битен толку жанрот на музиката. Тука некаде ми е и Швајцарската која има навистина убава приказна, но не ме тера толку на repeat ко оние погоре. И ќе заборавев, конечно да ми се допадне британска песна на евровизија, презаразна ми е, ама не сум сигурна дали има ефект на победничка. Генерално песните ми се подобри од ланските и имам десетина кои не престанувам да ги вртам. А на Васил со среќа, очекувам убав настап и да згрми на сцена.
Сепак ќе има публика на оваа Евровизија или отприлика 3500 луѓе кои мора да имаат негативен ПЦР тест за влез во салата. Повеќе инфо: https://lokalno.mk/vladata-na-holan...-bidat-del-od-evroviziskoto-shou-vo-roterdam/
Евровизија немам пратено онака ко што треба од 2007-2008 можеби. Ама решив да не бидам хејтер и да ги преслушам сите денес. Дефинитивно се потсетив зошто престанав да следам. Генеричко срање, после следно генеричко срање. Сите се слични со сличен стил. Единствена надеж ми беше Финска за нешто поразлично, со оглед на тоа колку предобри бендови имаат. Само не очекував да ми се појави реинкарнација на Linkin Park од 2000те. 10 поени за носталгија. Позитивно ме шокираше Италија. Со оглед на тоа што немам слушнато италијански рок. 12 поени за промоција на нешто ново. Bless you Sanremo. Не се лоши песните генерално, ама некако сите одат на безбедно со просечна песна. Порано имаше многу hit or miss песни. Да, имаше доста лоши. Ама имаше и доста што се истакнуваа и уште ги памтам. Гарантирам дека ниту една од овие нема да ја запамтам до следната година.
Леле скроз, си имам и некои од нивните песни на плејлисти на Spotify, единствени евровизиски изведувачи ми се кои ги слушам толку често. Од овогодинешниве претставници, Италијанците (Måneskin) lowkey ме потсеќаат на нивниот вајб (само во поблага и не толку контроверзна верзија) и ми се фаворити, исто и од Финска песната ми е прејака, последниве години повеќе сум ориентирана кон вакви рок бендови. Исто белгиската ми е почесен фаворит, Hooverphonic ми се љубов одамна и оваа песна многу повеќе ми се допадна од ланската, ма да мислам дека слабо ќе поминат во евровизискава атмосфера...