Италија не ми беше меѓу фаворитите, но сепак честитки, гледам колку им се радувате, мора да има нешто Од второ слушање ми се и допаднаа Израел, Литванија, Грција, Азербејџан. Ќе ми бидат некое време во плејлиста. И убави сценски настапи годинава, скоро сите
И јака песната им беше,настапот топ,грмеше. Не слушам рок,ама кога нешто е добро добро е,нема врска што жанр е. А србиве тралалајка,локо,локо..летно хитче за дискотеки, а можеби и за таму не е.
Бугарија надвор од топ 10, Малта надвор од топ 5, Сан Марино надвор од топ 20, Кипар не е во топ 15, Молдавија 13та... ми треба време да процесирам.
Значи дечки Украина не е сељо како сељак, туку сељо зашто пее сељо сељо конопејечке значи да се разбереме ќе ве молам И исто така не знам зашто не ми честитате второ место од публика. И не знам зошто уште сум будна
Одлично финале. Еве ги моите фаворити: Јас гласав за Украина и Италија, а апсолутен фаворит ми беше Украина. Прејака песна и настап имаа. А и за Италија немам што да кажам, фантастично, премоќно. Задоволна сум и од топ 10, освен Грција, не ми е за толку висок пласман. Генерално ми се допаѓаа најголем дел од песните, и жал ми е за Азербејџан и Кипар, баш беа фини, заслужуваа повеќе според мене. Генерално имам позитивен впечаток од сè, дури и Швајцарија и Франција ми беа убави, ама не сакав пак таква песна да победи. Ники исто така одличен водител, задоволство беше да се гледа.