Акустичниве верзии на песниве не знам чија идеја се, дали претставнициве самоиницијативно или дело на организатори, многу ми се допаѓаат во секој случај.
Мене не ми е фаворит таа, во топ 15 ми е некаде, ама ми е единствен логичен и веројатен победник Дури и со повеќе песни од Португалецот во 2017
Сан Марино иако е 12 место во обложувалниците, јас мислам дека ќе биде во топ 5. Се согласувам, ама се надевам дека нема да е Швајцарија, не го гледам хајпот за песната искрено
За нас инаку е 100% сигурно дека нема да влеземе во финале, во сите обложувалници и ранг листи сме последни...
Од ова што пратам, фановите се презадоволни од нашиот настап. Wow, wow, wow, excellent, amazing, a big grower... се дел од коментарите
Несомнено е дека Васил има одлични вокални способности.Не е од тие пејачи за кои ти е страв како ќе ја испее наредната строфа во живо. Јас незнам зошто толку гнев искажува народот по социјалните мрежи. Стварно е премногу. Ако пее добро зошто треба да ни е грижа со кој спие.Негова работа. Разочарувачки е колку негативни коментари и колку го вреѓаат, како да немаме свои проблеми или како тој да ни е најголемиот проблем во животот. Мислам дека ќе настапи одлично, за другото понатаму знаеме дека е политика.