Океј ми е листава топ 5, само место Украина би ја ставила Бугарија. Италијаниве беа супер, иако јас навивав за Швајцарецот. Го гледав настапот на интернет, супер атомосфера имаа. А и песната беше добра, заедно со изведбата. Сепак мило ми е што победија. За ЈуКеј, мислам, не беше толку неочекувано. Песната беше безживотна, текстот не ми се допадна, а и настапот скроз аут. Што се тиче нашите поени, како ги даваат бре? Изведувачот одлучува на која држава колку ќе даде? Не го сметав Васил за глупав, ама ако треба да сменам мислење да знам. 12 поени за Србија, куку леле.
Така? Океј, ја открив Америка по енти пат. Океј, значи сепак ништо ново. Одамна знам дека мерникот на општеството во Македонија не покажува ништо правилно.
Молам во темата за наредна година еден дисклејмер - оваа програма не се препорачува за деца под 16 и луѓе со слабо срце, содржините може да бидат вознемирувачки ( мажи со штикли, жени со кратки коси, рокенрол, дрога, можеби и секс) @Ahoy
Ваљда не е будала пред камери да шмрка. Потегот му е сомнителен. Нормално е некој да се запраша. Ама,сепак не заслужија победа.Типот звучеше ко да рецитира.
Фактот дека не ви се допаѓа заслужената победа, не е причина за измислување глупости. Едноставно игнорирајте, менувајте канали и постови и готово.
Да да еве баш 10 годишни деца го фатија тој момент од 15 секунди и точно помислија дека со наведнувањето накај маса шмркнал линија и потоа беа запрепастени.
А муабетот, како би шмркал кога знае дека го снимаат, немало логика итн. исто не држи воопшто вода. Зошто типов направи толку работи за првпат на Евровизија, така да ништо не би ме изненадило. Дека треба здраво за готово да се земе фактот дека шмркал, не треба. Ама и дека со сигурност не е така, и тоа не може да се тврди. Цело време беше со чашата в рака, па се префрли на шишето, просто се запрашав како ќе ја испее песната по вторпат на толку пиење. Гол беше на пресот после победата, шишето до него и уште малку што не легна на масата. Непочитување кон се околу себе. Сакам да сум посебен и ќе покажам дека ми се може се, ќе претерам ако треба и сите вие сте close minded. Дај олабавете малку со тоа mind your own business. Се си има граници, однесување на ваква манифестација со нивен личен концерт не е исто. I definitely mind my own business, ама некои работи се too much. За песната, кажав веќе, пак ќе кажам. Моќно звучеше и остави впечаток. Имаа одличен сценски настап. А, кога ќе анализираш подетално во делот каде што не е рефренот, измеѓу, не пее, повеќе како рапување ќе му дојде и некако како квалитет не ми е на ниво со вистинскиот рок ен рол. Ама како што не сме слушнале подолго време добар рок ен рол и ова беше доволно за спектакл Басистката беше добра. За убавината на типов, со мене во клас до осмо учеше еден "металец", леле мн личеше на пејачов. Скоро на сите им беше симпатија до средно некаде, после помина фамата. Not my cup of tea, дефинитивно, мн ми е skinny и мн ме потсеќа на оние во тинејџ филмовите од 70, 80тите, што сосила се прават ептен dark. Со француската песна нема да ги споредувам, зошто споредба нема. Само нема потреба воопшто да ги дисквалификуваат, таква победа не и треба на Франција, кога публиката веќе не препозна победник во нив. Заслужија чиста победа, а не со дисквалификација на некој.
@Independent Girl Женска, да беа Манескин победници на Евровизија пред едно 4-5 години или порано, кога не бевме уште сред толкав бум на твитер и посебно тикток каде сè иде from 0 to 100, моментов со наводното „шмркање“ никогаш немаше да го приметиме на пренос во живо 99% од нас, камоли па деца. Ама ти секако башка си и хомофоб и и тоа сметаш дека не треба деца да гледаат, така да не знам ни зошто ти се објаснуваме уствари
Кој измислува? Да не смее да каже човек дека не му се допаѓа нечија изведба. Имаше многу подобри песни и пејачи со подобри гласови. А,за ова никој овде не тврди сигурно.Само се коментира дека е сомнително. И гледачи од други држави се сомневаат.
Види не велам дека не држи вода тоа што велиш дека ретко кој би приметил али свесно да пробаш да го релативизираш потегот според мене не е нормално, јас немам ни деца ни па планирам у догледено време да имам али имам изградено ставови по некои прашања и ваков потег не ми паѓа на памет да оправдам колку и да ми се свиѓа некој или да ми е фаворит. Еве гледам рекле дека ќе се тестираат што значи не сум ја хејтер туку сите одговорни сметаат дека најправилна би била таа одлука.
Ја отупевте веќе, да немаше социјални мрежи, медиуми да вадат слики од контекст ќе видеше некој сигурно. Смешки.