Криво ми е што Македонија не даде повеќе гласови на Италија и 12-ка од жирито, ама отпосле се сетив дека ја дадоа на Србија ради Дарко Димитров, српската песна си ја сметаат за македонска до некаде. ОК, тоа е што е. Србинките да се претставеа со англиската верзија која имаше поразличен аранжман ќе беше подобро, вака не ми се допадна балканскиот звук.
Најјаки ми се изјавите/коментарите од типот „со ваква песна (демек рок), сигурно беше дрога нема што да се тестираат“ Вауу мајката значи Аца Лукас најголемиот рокер/металец да ти бил Шала на страна не поддржувам дрога нити ваков глуп и просечно македонски менталитет кој се пали на кичерај и пластика. Дечките беа супер и нема коментар. Дали беше за пред комерцијална публика? тоа си го одговори публиката со гласовите. Дефинитивно ова е прва година каде што не можам да бидам целосно наклонета кон еден натпреварувач зошто и Франција беше предобра. Презаслужено второ место.. Останатите песни како и секоја година или наликуваа една на друга или наликуваа на некоја веќе популарна песна со мали исклучоци. Веќе видено и превидено ..
Мене ме интересира кои се вашите предлози кого да пратиме на Евровизија наредната година, доколку учествуваме, и со каква песна?
Не го сфаќам делот со Хрватска, како тоа е првата земја што успеала да се квалифицира и од жирито и од публиката, ама не успеала целосно да се квалифицира? Мислам, сфаќам дека не влезе во финале заради недоволниот број на поени, ама што треба да значи квалификација и од жири и од публика? Не сум запознаена толку со процесот на гласање, не ги проверив поените и ова ми е прва година по можеби повеќе од 10 години да следам Евровизија, па не ми е јасна терминологијата во конкретниот случај .
Ова може е за во новата тема Јас сум за сценарио како на Бугарија, интерно избран артист, на кому би му се направиле 4- 5 песни, не мора спотови и чуда, па после преку вебсајт да гласа цела Европа Иначе по конкретно, јас би како што реков и претходно, Гиговска со нешто вака: Исто би сакал Александра Јанева да оди, но песната да и' биде направена од Европски тим (како на Јана во 2017). Или Лоба. Или некој друг бенд со необична музика, не ми текнува некој конкретно П.с.: појма немам кој ќе одберат за 2022, а во 2019 бев 90% сигурен дека ќе биде Васил.
Според мене, следната година треба да не претстави искусен пејач како што беше оваа година Васил, но со добра песна, не просечна. Се надевам дека имаме таква можност.
Мој предлог е да не се натпреваруваме, затоа што речиси секоја година праќаме катастрофални песни без никаков сценски настап. Само трошење пари. Ама добро, тоа е мое мислење. Ако веќе се праќа нека се осмисли и добар сценски настап а не само стоење у место или у позадина труби и зурли. И да, добра песна, која ќе е певлива.
Во секој случај не би била лоша идеја да се откажеме од настанот, бидејќи сепак живееме во време на пандемија каде што секојдневно се заразуваат луѓе и се борат за живот. Парите што би ги потрошиле на следната Евровизија, би сакал да се наменат за болните од ковид. И да не заборавиме дека сме во економска криза поради која што многу луѓе остануваат без работа. Ова е само мое мислење!
Била во првите 10 и од жири и од публика, арно ама од публиката била 9, од жири 10, и кога се собрале поените имала 5 поени помалку од Норвешка (115 Норвешка, 110 Хрватска)
Јас неќам Гиговска да оди.. Не знам зошто А мислам дека во тој правец одат.. Александра Јанева може, со некоја интересна песна. Ова што ми го прати е супер, АМА кој да направи со буџетот што го имаат Може и некој од дијаспората да најдат... Шознам. Како беше сигурен за Васил?
Ни јас. Девојчето пее убаво, ама некако нема харизма. Према тоа би рекла не е битно кој ќе пратиме, само да е харизматичен. Да може да направи сценски настап. За песна мислам веќе предосадно е балади што праќаме во последно време. Треба да е певлива, да влезе во уво. Жанрот не е толку битен колку што е битен ритамот.
Баш би било океј да оди Гиговска, ама побитно е да направат шоу, не балада и не стоење во место.Не знам, нешто певливо, разиграно, забавно и заразно.
Спонзори, треба да си најдат спонзори. Пример сокчињата на Антониа На Јана супер тим и ја правеше песната, затоа и Денс Алоун е Денс Алоун, ама им фалеа стејџ директори. Пред Тамара сите одбираа да одат на препартис, а не да вложат во сцена За Васил не знам како знаев, некако бев сигурен и кога го кажаа не бев воопшто изненаден Таков вајб ми даде кога беше со Тамара некако...