Дај не зезај, каков Роберт, какви ДНК, па тие немаат никакви гласовни способности. Плус на оној глупавиот од ДНК, не му е да му се даде микрофон да збори. Којзнае која зелена ќе ја каже за жените. Па после доживот да треба да се извинуваме поради него. Не, не, не, вакви ниско интелигентни суштества не се за да ги праќаме на евровизија.
Дали тоа песната на Италија е втора во тренд многу сум изненадена, според коментарите на социјалните мрежи, не мислев дека ова ќе се случи. Дека нели, вакви, онакви...
Оф леле, спиеше ли ти ноќеска бе дете? Непребол што Европа го гласа она што е навистина квалитет (вокал, креативност во аутфити, сценски настап, енергија и севкупна автентичност), нешто што на Балканот е незамисливо да се деси. Туку уф, како погоди дека сакаме двометраши со кратки коси и сто кила. Дури и 190 висина со 99 кила ми е дискутабилно, без двеста со сто не се смета за маШ. Златни балкански пропорции. Плус ако носи и златни крстови, се пушта со маче жариш/палиш и пцуе све педерско, леле леле абе не знаеш шо му мислам. И да, уште се смеам. Ама остави, и ние шо ги поддржуваме наркоманиве шмркаме по малце. Yolo. Еве еден поздрав од сексито шо ни е водач на сектата.
Јас па од секогаш ги сакам рокерите/металците, општо сакам музичари. Небитно. Денес два пати си го вратив финалето. Ги скапав дома мислам и натерав еден куп луѓе да ја гледаат. Пре до бро! Не ги имав слушнато песните претходно, намерно избегнував. Не сакав спојлери, сакав на прво слушање да видам како ќе ги доживеам. После 100 преслушувања освен фаворитите кои ги кажав (Раша и Украина), најмногу впечаток ми остави и Сан Марино, како целосен пакет и жената е кралица, целосно се внесе на сцена. И жолтите ми се многу по ќеф. Ме кладовте во мисла кој би можел да не' претставува следна година и не најдов соодветен. Баш ме интересира шо ќе смислат. Има многу млади, ама според мене немаат доволно искуство и не можат да се носат со ѕверови како шо имаше оваа година. За крај, Фејсбук коментари не отворам оти ми изумреа сите мозочни клетки. Од сите места овде најде штркот да ме донеси. Сите ги извреѓаа, исколнеа, Евровизија не чини ама не се откажваат од гледање.
Да ги пуштиме Пеперминт, новиот Исланд да бидат? Они си се баш такви лаганицата Секако за пласман ништо не правиме, барем вака ако ништо друго најчил држава ќе сме
Мене веќе 2-3 дена ми врти цела нивна плејлиста на спотифај. Имаат и други одлични песни. Full package се.
Прејјаки се. Сите албуми му ги преслушав и немаат лоша песна. Иначе за наредни години стварно нема поента да праќаме натпреварувач. Ем немаме пеачи а па за композитори шо ќе напраат добра песна и да не зборам. Ако веќе па се праќа, се согласувам да се пратат некој чил бендови ко Суперхикс па и Нокаут би имале што да покажат со некоја добра песна или нешто сосем поинакво како Синтезис
Мене Сељо ми се морални победници. Па и на ,,Пинокио,, му се омилени И во тој стил ми тргна неделата Кого и дали да прати МК некого во иднина- не знам. Еве, можеби треба некој да се разбира во музика, ама сериозно, за да направи моќна песна а не тралалајка. Песна, не пејач. И да се врати фестивалското бирање.
Тешка работа дека би се здосадила @Billy Idol се ислушав од нив шо има на јутјуб и ги гледав Не ми се верува какви дечки се Јас сум хипнотизирана од нив
Оваа година проблемот беше во тоа што народот не го препозна квалитетот и потенцијалот на Васил за да успее во Ротердам, да имаше малку повеќе поддршка можеби подобар пласман ќе имавме.