Она што мене најмногу ме зачуди во гласањето е што Васил е последен од жирито, а јас мислев дека баш жирито ќе го поддржи повеќе отколку гласачите.
Мислам дека оваа година беше прва кога Македонија не се падна со соседи во исто полуфинале. Барем посакувам да имавме повеќе соседи како Албанија или Србија, сигурни поени имаме од нив.
Се тоа ок, ама нели е подобро да не треба да зависиме од соседи туку да пратиме одлична песна со одличен настап? Поентата на Евровизија не е да добиваш поени од комшиите како Србија што доби годинава...
Македонија треба да смени нешто во врска со Евровизија, ако планираме нешто да освоиме. Се утепавме со една иста музика, треба да пратиме нешто што ќе остави впечаток. Дојде овој од Италија, со штикли и некој свој стил и ПОБЕДИ. Не е се во вокалот, треба да направиме нешто со што ќе се издвоиме и ќе привлечеме внимание. Треба да имаме и добар сценски настап и тогаш можеби ќе имаме некои шасни, вака ништо не правиме.
https://www.instagram.com/p/CPQIwioJ98B/?utm_medium=copy_link Е вака да беше на сите ќе им се допаднеше Евровизија. https://www.instagram.com/p/CPN2PH6ptwJ/?utm_medium=copy_link
Јас не мислам дека штиклите или стилот значајни беа многу за победата. Повеќе би рекла перформансот, песната која е заразна и убава за слушање, целокупно на сцена изгледаа како да си на некој концерт на некој светски бенд и оставија поголем впечаток од било кој друг настап. Така да се сложувам, нешто впечатливо треба да е, а не мора да е баш изглед тоа. Затоа и им се свиѓаше на повеќето од луѓето што гласаа. А жиријава искрено не знам што оценуваат и како, тажаленки некои за некои би упалиле
И јас се приклучувам на клубот заразени со Манескин, се живо превртив на јт, ги заследив на инста имаат харизма посебно фронтменот Иначе многу лоши коментари има на фб
Леле какви штикли, дечките издоминираа над сите у се. Вокал, енергија, харизма, предобра песна до mind blowing перформанс. И ciao! За феноменот гледање еднорози таму кај шо ги нема, со ниски удари и цел дисквалификација, скроз знаеле и за шо да пеат. Parla la gente purtroppo, parla non sa di che cosa parla!
МРТ ако малку повеќе вложува во настапите и квалитетот на песните, барем во финале ќе влеземе, немора топ 10.
Јас не ни ги забележав штиклите дури некој не пиша тука на финалната вечер. Нема врска штиклите, дечките издоминираа, каков вокал, песна толку заразна под кожа одма да ти влези, настап предобар. За харизма да не правам муабет. Победата ја заслжија најмногу од сите. Едит: не читајте коментари на фб. И јас читнав пред некој ден и криво ми беше за оддвоеното време Не ме ни чуди да има поинакви коментари од народов.
Некст тајм се добар избор, но со добра песна направена од познати композитори како на пример Борислав Миланов (тој ја компонираше Dance Alone на Јана Бурческа) бидејќи многу негови песни се пласирале во топ 10.
Следна година нека дојде Тамара во делегација како морална поддршка и можеби ќе освоиме гласови како оваа година Марија Шерифовиќ за Србија.