За настапот негов ок е, мислам на пеењето, но стајлингот можел многу подобар да биде. Само мал дел одгледав од пробата. Знам дека немаме доволно средства издвоено, но можело многу поубаво, макар и минималистички, но со вкус. Некако ми е многу 2000та. Иако реално, после настапот на Тамара кој беше навистина моќен и заслужуваше далеку подобар пласман, па според мене и победа, не очекувам ништо годинава.
Јас сум позитивно изненаден и доста задоволен. Да бевме во второто полуфинале немаше да имам никаква дилема дали ќе влеземе во финале, затоа што апсолутно ќе влезевме. Ама за жал, во првото сме, каде што после пробиве, буквално секоја изведба може и е компетентна да се најде во финалето. Се надевам на жири поддршка, а мислам дека и со тој сценски настап може да привлечи и гласови од публика, па некако да обезбеди влез во финале, ама тешко
Најдобри: Словенија, Македонија, Хрватска, Грција, Австрија и Србија до сега. А според најавите, едвај ја чекам Бугарија утре Најлоша дефинитивно Малта.
Не се согласувам Најдобри ми беа: Сан Марино, Малта, Украина, Кипар, Русија и можеби Хрватска. Малта малку ме изненади, очекував покомплексна сцена но уште ми е број 1. Не ми се допаднаа: Естонија, Австрија, Романија, Норвешка, Шведска, иако песните на некои од овие ми се свиѓаат.
Малта ништо ништо посебно, мене ми е катастрофа стејџингот. Не е она винер перформанс, освен вокалот.
Мислам дека Васил ќе има добар настап со оглед на тоа што има одличен вокал, но на коментарите публиката вика дека настапот бил копија од овој настап.
Сепак и логично е да има некои сличности, бидејќи сепак Швеѓанки му го правеа настапот на Васил, а веројатно истите тие и на Дотер.
Мене сè ми се допаѓа Па гласот на Албина... И таа како појава Мислам дека годинава е доста непредвидлива и нема лош настап