Значи ептен се израдував за Италија. Топ песна, топ настап, интересен бенд, се почувствував ко да сум на концерт... Башка и пејачот ми е симпатија, brb идам да го манијачам на Инста.
На дечките ништо не им смени негативниот резултат само си докажаа пред ЕБУ дека се чисти. А и да беше позитивен резултатот, тие веќе стекнаа слава па песните веќе им имаат повеќе од милион гледања, ќе им ја одземеа победата само. За разлика од некои победници кои веќе следниот ден после победата никој не ги знаеше, дечкиве набилдаа успех и на инстаграм и јутјуб и сегде па и да не победеа не се сомневам дека немаше да е ист исходот. Се знаеше дека ова за нив ќе претставува отскочна даска и пресврт во кариерата. ПС. Мислам дека е редно време да се отвори тема за момциве на форумов тука веќе страни и страни се изнапишаа за нив
Ок? Никој досега не искоментира за тоа кој каков вкус има, се зборува тука за глупостите со дрогата што ги извадија. Извини, со оваа реченица баш и не ми кажуваш дека секој си има право на свое мислење. И пак ги хејташ. Него што е, одвратните стереотипи? Нц. Тука не си во право, Дестини да се наведнеше сигурно ќе ја набедеа дека шмрка? Да, многу е нормално некој што ќе се наведне и притоа му се гледаат двете раце, и со ниедна рака не му е затворена ноздрвата, да не напоменам дека се работеше за 1 секунда каде што тој беше и далеку од масата, да го обвинат дека шмрка пред 1000 камери на таков настан. Sure. И вие веќе оставете ги на раат, уствари сега ви ги затнаа муцките, секако нема што да зборите. Ciao
Сосема е во ред да кажеш не ми се допаѓа песната, па луѓе сме, не може се исто да ни се допаѓа. Но не се во ред коментарите кој што кружат на социјалните мрежи, кој што се навредливи, луѓето им лепат етикети заради штиклите, музиката, шминките и ред други работи, што не е во ред.
@LovelyGirl3 Не беше далеку од масата.Да му беше поткрената или поинаку свртена левата рака,никој немаше да помисли на тоа.Лошо се наместил и ок е.На секој може да му се случи. Не хејтам никој.Само кажав како мене и на други им звучи изведбата. Несоодветните коментари и за мене не се во ред. Немам проблем со тоа што на некој му се свиѓа изведбата.Како што кажав,секој има право на свое мислење.
Јасно е дека не ни смееше позитивен да биде резултатот, ќе требаше клуч на врата за Беловизија, вака сите среќни и задоволни За наредна година можеме да пратиме нешто вака, со ваков текст, со сВе, после се ова сигурен сум дека одма би го привлекле вниманието.
На некои од нашиве портали забележав негативни коментири за италијанците од типот Италија со штикла и дрога победи на Евровија..уште се дрзнале да кажуваат дека тоа било срамота, каде одел светов.. Мислам дека вакви коментари не смеат да се објавуваат од портали, бидејќи немаат врска, шират лажни вести, посебно ова со дрогата... Момемтало Дамиано грми на социјалниве мрежи , групава е ектра, имаат прејаки песни , за еден дем плус 1 милион нови следачи на инста
Мене не ми е јасно кој со цел памет поверува во ова со шмркањево. Паранојава и коментарите се од ист ранг како за сликана во спотот на Васил. Смешки. Инаку се согласувам со тоа дека праќаме невпечатливи песни. Тамара иако победи од жирито, на телевоутинг беше тотален флоп. И не е бидејќи песната беше лоша, баш напротив, само што на Евровизија не палат такви песни. Ептен ретко. Ние од некоја причина секогаш гледаме да имаме сериозни настапи и само се надеваме дека некој ќе примети дека имаме добри вокали. Е не е тоа тоа. Заборавив во претходното мислење да кажам, од годинава и Белгија ми е дел од неколкуте песни што ќе продолжам да ги слушам, стварно преубава чил песна имаа. Ама минимум 15 други држави би гласала пред нив. Не ми е за таму. Помоќни работи се бараат, што ќе ги памтам уште на прво слушање, јасно е дека Италија комплетно издоминира во тој контекст. И дај не заебавајте за Некст Тајм, намќори националисти да сме праќале на Евровизија, ко кловнови ќе се таму.
Ќутете никој не разбра дека Украина пееше за садење коноп Го гледав документарецот за Катерина Павленко, и уште толку повеќе ја сакам. Од каква позадина доаѓа, од живеење на улица, од страшна сиромаштија, без дом, без луѓе да те сакаат и да се грижат за тебе, со страшни болести уште од дете, мислејќи дека тоа е тоа, ќе се умира, да стигне до ваков успех, и едно европско признание за музиката и куп луѓе што си пеат Сељо. И сељо ја напишала за своја публика на концерти, воопшто не била планирана за евросонг. Многу интересна личност е, ако имате време може да го погледнете, баш е различна, башка била и во рок бенд, и рече дека ако не победи на евровизија (пред евровизија е интервјуто) дека ќе се откаже од ова, и ќе почне да свири метал Ептен ми прирасна на срце. И да, арно што пее на украински, затоа што ете и во Украина ги етикетирале како наркомани, затоа што пееле за коноп. За наши претставници ќе кажам пак, не се претставниците, туку песната таа што треба да биде подобра. Васил има фантастичен глас, ама што песна беше она бре. Ниту еднаш не си реков чекај да ја пуштам да си ја послушам. Ни треба некоја забавна песна, и изведувач што знае да се забавува и да биде опуштен пред толкава публика. Харизматичен изведувач и певлива песна. Секако нема да победиме, ама барем песната да ни се допаѓа
Ко излезе клипот со наводното шмркање нашиве портали со брзина на светлината го споделија, сега никаде ги нема да пишат дека и покрај тоа што ЕBU не сакаше Дамиано да го тестира, тој сепак доброволно се тестираше и тестот е негативен Maneskin returns to Italy after Eurovision win - YouTube
Упати ме каде да го најдам Иначе мене ми е таа хит со: "Look at me, I am happy" и покажува кон себе, а мртов ладен израз на лицето Да најдам видео ако има