Претставничката на Малта, Дестини со песната „Je Me Casse“ со недели беше на врвот во обложувалниците, а во саботата беше пречекана од студен туш и доби мизерни 47 поени од гледачите. Локалните медиуми јавуваат дека пред изборот за песна на Евровизија, Малта потрошила повеќе од 650 илјади евра за промоција на својата песна и изведувач. Министерството за внатрешни работи нареди ревизија на трошоците поради сомневање дека добар дел од парите биле потрошени на обложувалници. Се сомнева дека Малтежаните биле одговорни за промоција на изведувачот, а песната била финансирана од странци, кои потоа се обложиле на Малта на Евровизија. „Times of Malta“ денес објави напис под наслов „Je Me Cash“ во кој се наведуваат сомневањата дека јавната телевизија ги злоупотребила парите на даночните обврзници и ги навела како облог на свој претставник. Министерот Кармело Абела нареди ревизија на трошоците откако доби извештаи дека дел од доделениот буџет за десетдневниот настан бил искористен за обложување на претставникот на Малта. Дури 350.000 евра беа издвоени за промоција од Малтешкиот туристички одбор, а дополнителни 300.000 евра беа обезбедени од јавниот сервис. Се проценува дека оваа сума веројатно ќе се искачи на околу 700.000 евра. Извор popara.mk
Како ова би обезбедило трето место од страна на жири? Да не ги платија и нив, сите 39 држави? Мислите дека Малта е единствена држава која во обложувалниците трошела сама за себе? Друго, Малта никогаш нема добиено многу гласови од televoting, генерално е слабо гласана држава. Исто и Сан Марино и други мали држави. Има многу фактори зошто не доби повеќе поени годинава.
Да точно тоа дека си се плаќаат и другите држави во обложувалниците и се рекламираат досекаде. Па дури и на инстаграм ми излегуваа реклами од нивните песни со порака да гласаме за одредени изведувачи. Тоа според мене е начин како песната да допре до поголема публика, за подобар пласман нормално. Меѓутоа не го негирам и фактот дека општо познато е дека евровизијата котира и како политика и како што сам наведуваш моќни и големи држави така да дали било потплатено нешто или не ,не е релеватно. Факт е дека девојката го воодушеви жирито со гласот и со интересната песна но и Шпанија пример имаше добар претставник и песна па не го гласаа од жирито а сепак е нели „голема држава„. На гледачите веќе им е преку глава од исти па исти песни и тралалајки и Израел 2019 ту би обиди. Овие држави како Кипар и Малта секогаш имаат добар пласман ради квалитетните песни и пејачи ама никогаш не победиле поради тоа што се задоцнети со песните. Нешто што било добро и интересно во 2014 не може да победи во 2021 побогу. *Ама барем се подобри од нас каде каде. Ние тоа шо беше актуелно во 2007, сега го реконструираме
https://songfestival.be/en/barbara-...21-naar-noorwegen-outfit-tix-meest-opvallend/ Норвешка ја доби наградата за најлошо облечен артист. На второ место е аутфитот на романската претставничка, па на Албина од Хрватска, Џејмс од Велика Британија и на петто место Израел.
Мене лично песната на Малта воопшто не ми се допадна, мислам, не дека беше лоша...ама беше веќе видено и чуено. Од кога помина евровизија ја немам ниту еднаш пуштено да ја слушнам, и кога ќе дојде на ред на спотифај ја прерипувам Апсолутен фаворит ми беше и остана Кате и (нели ти реков) Тарас, Ихор и Иван Ихор е симпа, ама вие се ложите повеќе на италијанци со јако изразени вилици Башка е мултиталент, кога збореа со Финците баш за Ихор се рече дека нема инструмент на кој не знае да свири Поздравче од Ихор Спојлер
Да те поздравам Денес нешто со песнава во глава станав и така си ја преслушувам од време на време Е добро де, не сме ексклузивни Сегде по малце си загледуваме, ама овој Дамиано ептен бомбастичен е
Го најде ти, дека највисок а? Мислам, ти ја разбирам перспективата, ех младост лудост Спојлер: векторска проценка За другите деца не знам, овие деца растураат музика стручно Мала пажња- сори дечки, немаме ЦД пошто во Украина никој не слуша ЦДа
Па супер е Девојче во пубертет и сега зрела девојка, воопшто се нема деформирано за разлика од некои...