Мене ми е чудна ситуацијава со Франција. Цело видео е црнило, а дислајкови нема. Од нас што и да објават 50% се дислајкови, а да не се лажеме имаме добар сценски концепт.. Па и прва е во обложувалниците. Дефинитивно нема да победи, макар и до крај да остане прва
Не разбирам како може на Малта сцената да ти е празна и одвратна а сцената на Франција да е предобра.
Ок, вториов клип е подобар, ама нема винер вајб, ама ич. Плус виден е тој рецепт, Израел во 2018 со ист концепт победи. Како и најголем дел од прес центарот, така и јас винер чилс добив само од Бугарија, Италија и Франција. Малта е... обична.
Ако веќе не победува Малта, а искрено се надевам дека ќе победи, било кој од овие ги гледам поише како победници отколку Франција и Швајцарија: Италија, Исланд, Кипар, Украина, Литванија....
Франција ми е фаворит уште од самиот почеток! Не дека песната е нешто спектакуларна или пак “погодна” за евровизија но, ете не знам, многу добар впечаток ми остави потсетувајќи ме на песните од Mireille Mathieu и Édith Piaf.
Дефинитивно победнички настап, која енергија ја имаат, ко на концерт на светски најпознати рок бендови
Само мене некако предосадни ми се песните оваа година? Ќе гледам ради реда, фаворити немам иако ми се допаѓа песната на Финска ама не она wow.