Одлично отпеано, добри визуелни ефекти. Све на све заслужуваме финале. А Русија после Дима убедливо најдобра песна што ја имаат испратено.
Позитивно се изненадив од настапот. Очекував добар настап, ама не одличен ко што видов. Ме наежи, што ми е многу чудно бидејќи 100 пати ја имам преслушано песната и не осетив ништо ниеднаш. Браво Васил. Иако многу е веројатно дека нема да влеземе во финале, ја се осеќам гордо.
Настапот беше според мене најдобар од сите досега. Одличен, мн добар. Мислам дека и публиката убаво реагираше. Нашата песна ми беше најдобра од сите претходно што ги слушнав. Мн ми е криво што Васил го тропна тоа дека е од Бугарија, стварно дамка си стави. А како пејач е квалитетен.
Многу глупава песна, мислиш излезе химна нечија да пее. Демек видете каков глас имам и техника на пеење, а песнава ни мелодија ни текст да ти влезе во уво. Точка за двојка.
Настапот беше одличен, ама пошто и овде е вмешана политика не се надевам на многу, може максимум во финале да влеземе.
Најдобар наш настап што сме го имале. Конечно нешто креативно, интересно, а да изгледа светски. Мислам дека ќе влеземе во финале, најмногу заради моќниот вокал на Васил.
Васил беше одличен. Џабе го хејтаа, преубаво пее и сценскиот настап ми се допадна. Песната е онака, ама влез во финале заслужува.
Мене освен Васил, сите ми се толку досадни. Русија може има некоја порака, ама толку лошо композирана песна одамна немам чуено.