Мислам дека со Дизни песна, добар беше настапот. Испеа одлично. Едноставно песната е таква каква што е. Па кога веќе имаш таква песна, најдобро оди full Disney и со настап.
Русија и ние досега најдобри. Русинкава смртни закани добиваше, бетер хејт отколку кај нас. Се надевам ќе влеземе и тие и ние.
Одличен настап Васил, како што се очекуваше, супер испадна, вокал без грешка. Песната, ех, не беше нешто посебно.
Ние , Кипар , Русија , Шведска до сега потенцијални кандидати за финале другото некако не остави посебен впечаток.
Што е со песниве, ко саундтрак на филм од 90ти Руската ми беше поразлична, останатово некако...мех Васил топ глас, лоша песна Чудно ми е со публика да гледам, како реприза некоја да е
Добра е хрватската, само Албина некако не знае да се движи баш, цела здрвена, ваљда затоа само роботски движења правеше.
Добар вокал, лоша песна. Скептична сум не верувам дека ќе влеземе. Ми недостига македонскиот јазик на Евровизија.