И мене ми се допадна Малта, баш имаше некој добар вајб. Леле овие со Мата Хари, колку се пискави, не можам.
Го давам мојот глас на Сељо оти многу ме бендиса певаљката, на Белгија оти песмата ми е по вкус и на Ирска за сцената оти многу ме потсети на мтв порано кога пееа Маријана и Росана
Нашата изведба беше супер, може да се каже една од најдобрите. Другото се веќе видено и слушнато стандард. Кипар не знам од колку песни веќе слушнати споена во една, Хрватска исто тоа па тоа барем друга кореографија можеле да смислат, Белгија ми се бендиса, супер, Украина уште сум под имресии.
Годинава не не бојкотираат, најдобриот, најмоќниот исечок од песната го извадиле за гласањето. Тоа ми дава некоја надеж. Обично порано ќе исечеа од нашата некој најнебитен дел од песната.
Претпоставки кои ќе влезат во финале? Ја викам 1. Украина 2. Русија 3. Малта 4. Романија 5. Литванија 6. Израел 7. Хрватска 8. Австралија 9. Азербејџан 10. Ние?
Ти кажи ми зошто русите не ја сакале руската? Оваа година не сум многу информирана. Иначе мене ми се допадна ептен.
Малта нема да победи ја слушав сега. Кореографијата и е копирана од таа песната на Бијонси. Плус не можеше да мрдне од чизмите она,ама дека од срце испеа и беше возбудена не го оспорувам. Дестини е таква, беше тажна што не беше на тој настанот и беше разочарана. Тој со крилјата Tix многу добар настап ми се допадна,но дали има проблем со очите цело време трепкаше. Васил многу добар настап и глас,ме изненади. Ме наежи песната и мислам дека ќе влеземе во финале. Хрватска не ми остави впечаток некако како секојдневна песна. Русија боже боже што беше тоа.