Песната на Украина ми се допаѓа на некој чуден начин, многу уникатна е, пеачката со премоќен глас, потсеќа на Florence, одличен текст, предобро дело, браво!! Белгија се исто така одлични, ама се сосема друго ниво, секој настап вечерва спореден со нив е прав шунд (освен Украина )
Мака ќе ми е ако не влеземе. Се наежив, браво Литванија, Малта, Белгија и Русија исто ми се допаднаа, но ни приближно колку Васил. Другиве некако ме разочараа, ниедна не ми остави посебен впечаток. Мислам дека ова е најнеубедливо полуфинале досега
Затоа што Русите се преконзервативен народ, а пејачката пее за женски права, иронично извикува зборови што мажите ги дофрлаат по девојчиња по улици, како ние кукле, каде вака, кајсимаче и слично. Ако мислиш дека кај нас имаше контроверзии, ние шеќер бевме. Сите и се сипаа на неа, буквално и мажи и жени. Дури мислам дека повеќе жени и се нафрлија, до тој степен за кога беше гостинка во шоу да прочита некои од пораките кај што и викаат дека никогаш нема да е добредојдена во Русија и дека сакаат авионот да и падне и да умре. Не смее таму феминизам, какано е тоа. Ужас. Многу сакам да влезе да ги затне.
Еј луѓе, а како би било, на Васил песната со оркестарооот, лелеееее! Само за таму е! Намерно ја имаат таа песна одбрано, верувајте, ама само уште да влеземе.
Леле оваа украинскава како потсеќа со гласот на онаа групана што пееше со Тоше, како се викаше? Анестезис?
Верувај дека пошто знаеа за враќањето на оркестарот ја имаат таа одбрано. Ама уште да не втурнат во финале ех.. Ќе си гази Васил.
Мене песната на Азербејџан ме потсеќа на секоја грчка песна што беше испратена до 2013 година. Настапот сличен на Елени од пред некоја година.
Морам да признаам, колку повеќе ја слушам толку повеќе ми се допаѓа. Ептен е catchy. Штета да не влезе.
Ајдеееее што ме зачуди. Мислев некои скандали околу изборот на песна ќе ми кажеш од типот мито и корупција. Не знам што да кажам на ова. _________ Васил не ми е омилен, мислам дека е арогантен и лигав. Гласот никогаш не му го оспорив и дефинитивно имаме најдобар настап до сега. Песната е мех. На страна сите глупости што ги истресе, победа секако нема шанси, ама финале заслужува.
Упс. Русија се навратив, не и обрнав внимание, ниту бев информирана за тоа што се случувало, прочитав од @KateKane. Пенава беше ко за на протест спремна. Таман си е. А како ја одобриле, кој ја пуштил вака да оди?