Леле мене Азербејџан и Украина толку ми оставија впечаток, се запрашав што ми е зашто никогаш не сакам вакви песни, а овие две ме хипнотизираа. Тоа ми се фаворитите. Русија многу добар настап и впечатлива песна, исто фаворит. Многу ми се допадна Васил. Песната ништо посебно навистина, ама настапот беше баш добар. Самоуверен на сцена и беспрекорен вокал. Хрватска конечно, значи конечно со нешто поразлично и весело. Мозокот не ми ги процесира нивните песни, ниту една не памтам. Последна која ја памтам е штиклата на Северина. Е сеа Албина што не знае да игра, друг муабет. Многу ја сакав во The Voice, изненадување ми беше зашто не следев годинава и немав поим дека ја одбрале неа. Како Јана Бурче беше, само мрдање со рацете како часовник и толку. Добра им е песната, баш певлива. Другиве некако не знам, ништо посебно. Ако одгатнете од кој микс на хитови е склопена песната на Кипар, кажувајте. Ептен ми беше како хит склопен од исечоци на други хитови.
Од импресиите: Малта традиционално праќа крофници со моќни гласови, добро, јасно ни е дека имате добра кујна. Норвежанецот нешто као Оливер Мандиќ во најбудалите години кога бил, еден типичен Швеѓанец, една типична Израелка, неколку прави Русинки, Украинката наметната со зелени пердушки може имаше и најдобар настап и песна, а Васиљчо потклекнат и навален наназад цело време го мислев да не се препрчи наназад. Ќути се додржа на нозе. Другите веќе ги заборавив. Песните очекувано, сите до една магарешки. До утре никој нема да се сети ни на наслов на песна, ни на изведувач. Петпарачко шоу за една вечер.
Најрегулар. Иначе ги тригергна и тоа што е од Таџикистан и е муслиманка. Се има изнамачено, разведени се нејзините и татко и никако не ја пуштал пејачка да стане, сакал да ја омажи насилно и да и наметне хиџаб. Затоа таа е толку гласна за феминизам и женски права. Прочитајте превод на песната, ќе видите дека не е ни ништо толку страшно, колку што конзервативците кои се мнозинство во Русија и се сипаа. Партал ја направија, среќа се избори со тоа со дигната глава. Ќе прославам ако влезе вечерва.
Да се исправи неправдата за Soldi од пред 2 години, додуша холандската е една од најубавите победнички песни ever, да бидам непристрасен према браќата Итаљани
Ме нервира што само нас не вреѓаат дека била досадна песна, настап копија на Dotter, а има држави што се без веза па ги фаворозираат
Украина Русија Азербејџан Малта Белгија Хрватска Романија(ради дијаспора) Израел Норвешка Кипар Ние не верувам дека ќе влеземе