Македонија го потврди своето учество на Евросонг 2021 и стана 33- та земја која го потврди своето учество. МРТ дополнително ќе одлучува кој/ а ќе нè претставува на Евровизија во Ротердам, во мај 2021, како и начинот на избор на артистот и/ или песната. Земји кој заклучно со денес го имаат потврдено своето учество:
Среќна нова! Албанија: За жал, пак балада, според мене просечна. Имаа подобар избор на песни, модерни и забавни, ама ко и скоро секоја година Албанија мора да избере балада
И оваа година не верувам дека ќе се одржи, или ако има нема да биде како досега со публика, навивање и слично.
Лани на вчерашен ден објавија, а Тамара околу 25-ти мислам... кај и да е ќе кажат. Мислам дека нема да биде Васил штом досега го немаат потврдено.
Инаку, на националните избори во Шведска и Норвешка има доста познати изведувачи, што во самите држави, што претставници на Евровизија. Во Норвешкото Melodi Grand Prix повторно се појавуваат KEiiNO со предобра песна- Monument, доста популарниот норвешки изведувач TIX со песната Ut Av Mørket која ја изведува на Норвешки и Jorn со песната Faith Bloody Faith. Првото полуфинале на MGP се оддржува вечерва и ќе се натпреваруваат Jorn со погоре наведената песна, Stina Talling со Elevate, Blåssemafian со песната Let Loose и Beady Belle која ќе ја изведе песната Playing with fire. На националниот натпревар на Шведска, Melodifestivalen, повторно се појавуваат ланските победнички и придружни вокали во 2019 на Шведска- The Mamas, Dotter, која лани го освои второто место, Eric Saade кој во 2012 заврши на 2 место на Евровизија со песната Popular, Jessica Andersson која ја претставуваше Шведска во 2003, како и популарниот шведски артист Danny Saucedo.
Потврдено е дека ќе има, арно ама зависно од ситуацијата со ковид имаат неколку сценарија за тоа како ќе се оддржи. Дали со или без публика
Што мислите кого ќе изберат ако не е Васил? Ако планираат да го заменат според мене можно е да изберат некој од помошните вокали пак, Антонија или Александра Јанева
Исто мислам. Би сакал нив две да ги видам таму, мислам дека Александра има сенс и топ би се претставила. Антонија има топ вокал, ама не знам дали ќе го искористи, дали со вистинска песна, на прав начин. Исто и Лоба би сакал да не' претстави некогаш. Васил... прошлата година очекував многу повеќе од него. Мислев дека ќе нè претставува и годинава, ама ме буни зошто сè уште не е потврден како наш претставник. Од друга страна пак, најавува некоја песна мислам, Приказна да не се викаше. Ама не верувам ако е тој да не претставува со песна на македонски јазик.
И јас мислам дека некоја од Јанева, Антонија или Лоба би била добар избор за оваа година. А за Шведска, сакам Dotter годинава да оди затоа што лани беше блиску, ама сепак песните и настапите ќе одлучат. Што се однесува до Норвешка, не ги сакам KEiiNO, барем не во 2019. Оваа година песната е подобра ама не е песна што ја слушаш првпат и остава голем впечаток. После првото слушање не ја памтам песната.
Искрено јас не сум ни за Антонија, ни за Александра... Може Викторија Лоба, ако не се здрват на сцена како Eye Cue, па пак ништо од финале... И сценскиот настап да не биде како фолк фест Валандово
Ќе се одржи, ама ќе ја пратат ситуацијата и во зависност од тоа колку заболени ќе има ќе направат едно од овие сценарија
Скоро е сигурно дека нема да биде опција Д, а ниту опција А. Останува помеѓу Б и Ц, но верувам дека сите изведувачи ќе бидат во Холандија и ќе настапуваат тогаш, во живо. Некои можеби вакцинирани, други секојдневно можат да прават рапид тест, многу веројатно дека Холандија тоа и ќе го обезбеди. Публика не верувам дека ќе има со оглед на тоа што самиот тим кој ја организира и спроведува Евровизијата е многу голем. Ми изгледа дека ќе биде некој микс од овие две опции, Б и Ц.
Оф ама прво што прочитав на сликата беше Ahoy и не сфатив одма за што станува збор. Помислив фотошоп имаш направено на сликата.