Кога Израел не влегол во финале? Има некои кои скоро секогаш се стандардни. Норвешка, Шведска, Израел, Малта, Русија, Украина...тие беа 1000% сигурни за влез. Кипар, Азербејџан, Литванија не се толку сигурни, ама според песните имаше големи шанси. Едино мислев и Австралија ќе влезе, ама ете тоа го утнав. Белгија и Ирска се Wild Cards. Словенија и цел Балкан да е во иста вечер може да не пројде, не па сега. Хрватска исто тоа ја сотре, нема кој да гласа доволно. Нас исто.
Ај нека тепа или Италија или Сан Марино или Русија и нека се оправдаат од сите говна за првово полуфинале. Гомна да јадат бе, пу.
Абе ние немаме проблеми со пејачи, ама со песни и те како. Ретко некоја наша да сум рекла дека е ептен добра, а тек па вау. Најдобро пласирана до сега е нинанајна така? И ме нервира што се пее на англиски. Ми фали разноликоста од јазици. Ах вел...бар забораив на два саати дека не сум вакцинисана
И покрај тоа што не влеговме оваа година, се тешам со успехот на Тамара кои се случи на денешен ден пред две години во Израел. Тоа ми дава некоја надеж дека можеби во иднина пак би имале таков пласман. А инаку, јас сум ЗА откажување на учеството на Македонија на Евровизија наредната година.
Убав глас има Васил, ама песната ич не беше добра, не ми остави никаков впечаток, не ја запамтив ич..тоа е тажно што секогаш, добро скоро секогаш песните се кај нас проблем. Жал ми е Хрватска шо не влезе, баш ми беше catchy песната, Кипар - ужас, копија на Гага, дури и кореографија, све. Мата Хари интересна, иако не е во мој стил ама ајјј. Белгија добри, мада очекував нешто уште подобро. Украина ке ми излегва на сон женава, ме уплаши Малта исто не ми се допадна, а толку ја фалеа..џабе. веќе видено. Другите, немам коментар.
Литванија и Израел не заслужија, но очекувано беше за Израел од политички причини. Од Васил не знам зошто ама очекував повеќе. Пробата повеќе ми се свиѓаше од настапот. Азербејзан, Малта и Кипар беа супер. Ме изненади Романија што не влезе, песната беше топ. Другиве ми се млаки