Мене не ми беше верно за Романија. Преубава песна, во споредба со оние што влегоа. Песната на Италија не ми се свиѓаше. Никој не може да постигне успех како Mahmood. Уште го слушам.
Реално,не беше. Израелката имаше шарм и енергија,па и дебелкава од Малта повеќе енергија имаше покрај кг. Албина немаше,изгубена беше,а и тик ток не е некоја песна баш. Е од Шведска и Литванија беше нијанса подобра можеби. Ама Шведска е секогаш во финале,а литванците имаат исто гласачи.
аххахахаха јас па мислев дека само јас си го слушам Махмуд, го следам на инста, си гледам интервјуа на јт мислам дека нема човек што повеќе од мене му ја има слушано Солди, прекрасна песна со емотивна порака
Може ти е еден од фаворитите ама не беше за понатаму. Не се истакна ни со глас ни со играње. Во оваа песна требаше да се истакне со играње ама кај нејзе играњето беше потпросечно и веќе сто пати видена кореографија кај што ја креваат па ја носат, ептен досадно.
А облеката ќе биде, прслуче, тангица, подвезици и корсетче ќе им ставиме плус. Нека тресат цицки и газови, плус и гајда, и зурла и кавал ќе им пуштиме. И ете финале, очигледно на европејциве им недостига балкан селјо вајб. Украина коа се напна селјо па селјо. Треси, треси, треси. Треси, треси, треси.
Иако ти го прочитав мислењето уште прееска, досега се мислев на која песна ме потсеќа и стварно Рита Ора испадна.
Гледав со моите и после Азербеџан мајками искоментира наредна година Сузана и џингар лака џики цак*. Ех Сузе институција е. Ама сигурна сум дека можат да направат други такви песни, плус двете Сузани им ги пуштаме во пакет, ахахах во косите можам уште од сега да ги замислам и двете. Ајде ајде џингарлакаџикицак, пиле мое мало, бум бум, доктореее доктореее, министре...
Според мене Васил беше еден од најдобрите, настапот беше одличен, позитвно ме изненади. Но коментариве..зошто секогаш толку се плука по наше, а туѓото ни е убаво? Браво Васил,pround of you!
Јас немав воопшто надеж за нас дека ќе влеземе со оглед на тоа колку лошо стоевме по обложувалниците, па за Белгија се трескав до крај оти у срце ми се Hooverphonic, a претпоследни ги прочитаа. Како и да е, Васил супер нè претстави, на интервјуа беше страшно елоквентен и ентузијастичен околу изведбата и со совршен англиски, мило ми е што му се оствари сонот да настапува. Хејтов по социјалните мрежи мислам веќе не е вреден ни за коментар, дно... Се согласувам за Хрватска дека заслужуваше да влезе, заедно со Кипар најпевливи и catchy ми беа песните. Норвешка ми беше скроз мех, Литванија исто слабо памтам што пееја, а Азербејџан тешка турбофолк турлитава... Русија и Украина од друга страна ми беа најуникатни, а Малта со текстот и пораката ме потсеќа на Нета што победи во 2018, ама многу подобра и поозбилна верзија. Израел со песна насловена "Set Me Free" за време на ситуацијава, која иронија... Во второто полуфинале за рoкерите од Финска ќе навивам. А со Италијанците се опседнав скроз, преслатки беа и вечерва со Ники кога збореа, прескромни и срцки се на интервјуа и пробите им се врв, не можам да замислам кој било друг да победи.