Мене искрено полуфиналево не ми беше на некое завидно ниво, ќе видиме другото како ќе биде. А за проаѓањето во финале...па имаше многу подобри песни кои не пројдоа од оние што се пласираа во финалето. Посебен впечаток ми оставија Русија и Украина, посебни ми беа со некој друг стил на музика од оној што најчесто се промовира на Евровизија.
Не ни разбра што пишав, битно е одма да се вреѓа. Мислам дека треба да поработиш на себе. Од вакви си пати државата. Не е до Васил, Пандев, бугари или сл. Немаш ли ти пријатели или роднини со бугарски пасош? Ако имаш и нив ги викаш предавници, хомо или тие се супер дека се твои?
ми се допаѓаше Малта, Кипар, Израел, Украина и Литванија ... тажно што Хрватска не се пласираше во финалето
Мене фаворит ми е Белгија. Нешто што би слушала надвор од Евровизија, затоа ми се многу допаѓа иако знам дека нема шанса да победи. Фаворити од првото полуфинале исто ми беа Русија и Украина.
Колку менува изгледот и сценскиот настап. Скоро сите се брз ритам, додајте пример на Русија или Украина разиграно чупе со фустанче со реси и светулки, и одма добиваш 'мата хари' возбуда. Не дека е лошо, супер е, само малку 2006та, застарено. Другите песни мислам не добиваат доволно внимание и имаат поделени мислења ако немаат мрежести чорапи и тресење. Последните неколку години ми беа меехх. Вчера и не беше така лошо. Па дури и пак ги преслушав.
Што направи Гавранот вчера? Баш во моментот кога ги бираа тие што одат во финале, мене ми се пријаде нешто и не слушнав кој влегол.
Не гледав вчера, сега го гледам настапот на Васил на youtube... не било воопшто лошо, штета за неостварениот пласман. Гласиште има човеков, песната исто не е лоша. Фаворити ми се Сан Марино и Кипар. Интересни заразни песнички, верувам дека ќе ми здосадат по десетина слушања ама сега ми се интересни
Дека песниве оваа година се скоро исти, измешани мелодии со други песни, посебно е доловено со првото видео. Имаше и друго видео, ама во него имаше дури и некои двосмислености со песните. Евровизија долго време не е тоа што била порано, можеби една до две песни да се истакнат во една година, ама ретко гледам во последно време, ја нема таа еуфорија и веќе предвреме се знае кои стандардни земји одат понатака. Ги разгледав сношти некои песни, ми оставија впечаток Италија и Шпанија иако Шпанија секогаш се underrated на Евровизија. Со тек на време доаѓаат се подосадни песни, никоја не останува во сеќавање и после кратко време се забораваат.
Е ова. Порано имаше песни што ќе си речеш со кој памет го избрале чудово што мора да ми ги тероризира ушите 3 минути, ама имаше повеќе и од тие што ти влегуваат во уво и ќе ги слушаш и после евровизија. Сега нема многу од првите, ама некако нема многу и од вторите и сите се некој просек.
Ги преслушав сега. Дури сега. xD Само овие вчера што настапија. Прилично досадни, невпечатливи повеќето. 1. Литванија онака, просечна. 2. Словенија не е воопшто песна што би ми се допаднала, досадна балада, не ја ни дослушав. 3. Русија уште од првата секунда ми привлече внимание и си реков ова ќе биде добро ама по една минута слушање и таа ништо. Сепак би ја издвоила од другите. 4. Шведска исто онака мех. 5. Австралија досадна. 6. Македонија. Ок, со внимание го гледав настапов. Сценски стварно добро, ама песната тапа, не ни очекував финале. 7. Ирска ништо посебно. 8. Кипар исто ништо посебно, настапов само ми остави впечаток како светска ѕвезда да има концерт, добри потези. 9. Норвешка се потрудиле за интересен настап, веќе ретко се гледаат на Евровизија ангели, ѓаволи, чудовишта и такви некои костуми ко за на маскенбал. Е песнава би рекла не дека е нешто убава ама барем е подобра од повеќето вечерва, макар за нијанса. 10. Хрватска досадна. 11. Белгија ми се допадна 100%, има добар вајб што ме натера да ја пуштам на рипит. Најдобра оваа вечер. 12. Израел досадна. 13. Романија досадна. Зајдисонцето во позадина најмногу вредеше. 14. Азербејџан nice try. 15. Украина добра за во финале. Од ретките кои беа впечатливи во првата полуфинална вечер. 16. Малта, дали сериозно ова го предивува некој за победа? Јас лично некаде во првите 10 можеби би ја сместила, ама прва ноуп. Мој топ 5 од прва полуфинална вечер: 1. Белгија 2. Украина 3. Норвешка 4. Азербејџан 5. Русија И сите се во финале. Литванија би ја ставила на 6 место, Кипар 7, другите не ми вредат. За останатите ќе се надоврзам после втората полуфинална вечер.
Јас сум ептен среќна шо не влеговме во финале. Го видов и настапот, пре досаден. И онака од старт откако се изрезили со некои изјави ми се одмили, такада супер.
Искрено, после тоа хејтање шо го доби и шо уште го добива, јас да бев ќе се откажев. Сфатив дека на луѓето се нешто не им чини, дали сексуалност, дали не знам бугарски знамиња, бугарски белезици, шо ти ја знам... И со какви ставови се изрезили? Дали ти ги прочита коментарите на ФБ шо вчера беа упатени кон него? Значи на најлошиот непријател она не би му го рекол, а не на чоек шо ништо ми нема згрешено. Дури и да иницирал нешто про-бугарско, сметам дека можеме да бидеме многу попаметни со ставовите, не само на социјалните мрежи, туку воопшто, да не се однесуваме како апашки народ.