Ми лајк ит. Се надевам дека Литванците повторно ќе ги изберат The Roop, одлична песна имаат годинава, дури и подобра од ланската „On Fire“.
Многу е добра. Очекував дека ќе победат во Литванија, ама чекав само да биде официјално. Мислам дека ако имаат добар настап (а се очекува тоа) ќе завршат доста високо.
Ги преслушав набрзина, песната од Израел најмногу ми остави впечаток. Од Литванија не ми ,,легна" песната, но има некој ритам. Може е од тие песни што треба повеќе пати да ги преслушаш за да ти се допадне.
Никоја не ми е по ќејф. 12ката засега ми е за Израел, Украина и Литванија ми се последни. Франција ја немам слушнато како што треба, но мислам дека има потенцијал. The Roop, а особено Go_A, се и те како оверрејтед.
Од овие досега што се тука ставени (претпоставувам дека од другите земји сѐ уште не се избрани), Израел и мене ми се допаѓа највеќе. Не мислам дека би победила, зошто фалат уште некои елементи за да биде победничка нумера, но заслужува добар пласман. Франција и Албанија имаат добри вокали, убави балади, но не се од оние catchy како за Евровизија. На пример Arcade исто беше балада, но од оние кои остануваат во сеќавање и за кои во било кое време можеш да се сетиш на мелодијата. Што се однесува на Литванија и Украина, песните им се промашај според мене. Не само за натпреварувањево, туку општо не би ги слушала. За нашата се надевам дека ќе биде нешто слично на минатогодишната. Навистина таква песна сме немале досега, претежно ни биле со некој досаден ритам. Во минатогодишната беше забавно плус етно елементи, на одличен начин соединети во една мелодија. Мислам дека да се одржеше настапувањето, ќе имавме одличен пласман.
Мојата ранг листа засега. 1. The Roop се врв од досегашните. Ама, настапот морат да го направат перфектен за од прво слушање и гледање да привлечат обични гледачи на Евровизија што претходно не ги слушнале песните. Ланската им беше подобра според мене. 2. Go A според мене е она што баш и е потребно на Евровизија - електро фолк. Не дека немало досега, ама поретко е за разлика од балади на пример, што се веќе евровизиско клише. Нормално, не значи дека секоја електро-фолк песна е добра, ама оваа ми остави многу добар впечаток, исто како и нивната ланска. 3. Франција, иако класична француска балада, ми има некој моќен ефект, особено со настапот нејзин што го видов и вокалот во живо - перфекција. 4. Израел..... Израел ми е малку промашување од аспект на тоа со какви песни располагаа и која ја избраа (најлошата од понудените), ланската беше 5 нивоа подобра, оваа ко за детски евросонг ми е. 5. Албанија - досадна.